СДСМ: Денес имаме најниска цена на струјата во Европа

ВМРО-ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за 100%, денес имаме најниска цена на струјата во Европа.

Енергетската заедница во официјален извештај, вели дека, денес, Македонија е шампион по реформи во енергетска политика.

Еве зошто реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски:

01. Цената на струјата престана да расте и се стабилизира.

Денес, имаме најниска цена на струјата во Европа. Во време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016

цената на струјата се покачи за 100%

02. Ја вративме евтината тарифа на струјата

ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата. Еве не, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.

03. Зголемено е домашно производство на струја

Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.Се купуваше струја за над 200 евра.

Денес, Електрани на Северна Македонија не купува струја. Електрани на Северна Македонија продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

04. ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аерозагадувањето.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.

Спротивно на ова, Мицкоски како директор на ЕЛЕМ ја водеше најлошата енергетска политика во земјава. Во тоа време цената на струјата се покачи за 100%, земјава увезуваше скапа струја, додека ЕЛЕМ се расфрлаше со јавни пари на непродуктивни проекти.

Најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер