СДСМ бара Христовски да реферира пред собраниската комисија за надзор на АНБ

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, да реферира пред пратениците од комисијата за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање, бара СДСМ. 

Од опозициската партија поднеле иницијатива до претседателот на оваа собраниска Комисијата, Скендер Реџепи да свика јавна седница на која новоименуваниот директор на АНБ ќе одговори на прашањата во врска со неговото именување во Агенцијата, за сомнежите околу сертификатот за познавање англиски јазик, како и дали има негова поврзаност со неодамнешните помилувања. Очекуваат тоа да се случи во следниве денови.

-Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица, и е следно: каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал, неколку дена пред датумот на полагањето. Но, и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата. Како на пример, што тој знае за скандалозните помилувања? Токму затоа денес поднесовме иницијатива... Од информациите што ги имам кривична пријава ќе биде поднесена, изјави пратеничката Петровска.

Во телефонски разговор, Претседателот на комисијата Скендер Реџепи кратко ни изјави дека деновиве ќе ја разгледа иницијативата и ќе донесе одлука дали ќе ја свика комисијата.

Владата, пак, која го именуваше Христовски на чело на АНБ, прво ќе го чека исходот од Антикорупциска комисија, па потоа евентулано ќе побарат одговорност, најави прмеиерот Мицкоски.. Тој потврди и дека Христовски има сертификат „државна тајна“, како еден од условите да биде поставен за директор на АНБ, иако Христовски самиот во интервју пред една недела кажа дека се уште нема добиено ваков сертификат и е во постапка.

- Да, Бојан Христовски има сертификат за државна тајна, изјави Мицкоски.

Мислењето од Антикорупциска го чекаат и во Јавното обвинтиелството, а доколку тоа не се случи во разумен рок предмет за случајот ќе отвори ОЈО Скопје, најавуваат од таму..

Од ДКСК, пак, преку соопштение попладнево реагираат дека информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи, како што велат, двете институции имаат различни функции и надлежности. Оттаму додаваат дека нивното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции.

-Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од Антикорупциска.

Поплавени делови од Велика Британија, евакуација на домаќинства во Манчестер

Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер.

Откако за два дена падна дожд колку просечни месечни врнежи, во делови од Манчестер автомобили беа поплавени до покривите, а беше прогласена и состојба на природна катастрофа.

Според полицијата, тимови за спасување на планина се распоредени во областа Манчестер за да им помогнат на пожарникарите во спасувачките операции на поплавените имоти и со заглавените возила.

- Се уште постои можност да има дополнителни поплави.Потенцијално очекуваме ситуацијата со поплавите да се влоши пред да се подобри, изјави метеорологот Том Морган.

Поради поплави и налетите на ветерот, беа откажани новогодишните прослави на отворено, како и огнометите во Единбург и во неколку други градови.

Мажот кој изгоре во Сајбертракот пред хотелот на Трамп имал прострелна рана на главата

Човекот кој го изнајмил Сајбертракот на Тесла што експлодира пред хотелот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Лас Вегас бил активен војник на специјалните сили на САД, потврдија официјални лица.

Полицијата во Лас Вегас го идентификува Метју Алан Ливелсбергер (37) од Колорадо како човекот што го изнајмил Cybertruck. Тие рекоа дека се прилично сигурни дека тоа е истата личност која била пронајдена мртва во возилото по експлозијата, но чекаат докази од ДНК за да го потврдат тоа.

Телото било изгорено до непрепознатливост и било пронајдено со самонанесена прострелна рана во главата, според шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил. Во возилото била пронајдена и воена идентификација, заедно со iPhone и паметен часовник, но поголемиот дел од она што било внатре било „изгорено до непрепознатливост“, велат тие.

Ливелсбергер бил член на Зелените беретки, специјални сили и експерт за герилска војна, се вели во соопштението на американската војска.

Тој служел во војска од 2006 година и поминал време во базата порано позната како Форт Брег, центарот во Северна Каролина во кој е сместена командата на специјалните сили.

Тој сè уште бил во активна должност и на овластен одмор во моментот на експлозијата на Тесла пред меѓународниот хотел Трамп, изјавија официјални лица.

Да потсетиме, седум лица беа повредени во експлозијата откако возилото - наполнето со канистри со гориво и минофрлачи за огномет експлодираше. Официјалните лица рекоа дека сите повреди биле полесни.

39- годишен тетовец е пронајден со прострелна рана на главата, најверојатно го убил татко му

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. 

С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово, соопштуваат од МВР.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот.

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

притисни ентер