СБ на ОН ја отфрли руската резолуција за укинување на функцијата Висок претставник на ОН во БиХ

Предлогот за резолуција доби само два гласа, на Москва и на Пекинг, а сите други членови на Советот беа воздржани.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера ја отфрли руската резолуција, со која се поддржува именувањето на германски дипломат Кристијан Шмит за меѓународен Висок претставник за БиХ, но треба да се затвори неговата канцеларија на 31 јули 2022 година, што претходно беше одбиено од западните земји.

Предлогот за резолуција доби само два гласа, на Москва и на Пекинг, а сите други членови на Советот беа воздржани.

За да се усвои текстот на резолуцијата беа потребни девет од 15 гласа, под услов никој од петте постојани членки (САД, Франција, Велика Британија, Русија, Кина) да не стави вето.

Очекувано беше одбивањето на резолуцијата, откако пред гласањето, западните дипломати ја обвинија Москва дека сака неверодостојни да ги направи канцеларијата на Високиот претставник и поранешниот германски министер за земјоделие, Кристијан Шмит, кој на оваа функција стапува на 1 август.

Шмит беше избран за Висок претставник на ОН во БиХ на 27 мај од Советот за имплементација на Дејтонскиот договор од 1995 година.

Русија, која со години се обидуваше да ја затвори канцеларијата на Високиот претставник, обвинувајќи го за пристрасност на штета на интересите на босанските Срби, во јуни изјави дека „силно го отфрла" назначувањето на Кристијан Шмит за наследник на Австриецот, Валентин Инцко, кој е заминување од функцијата по 12 години.

ДИК: Прегласување ќе има на 7 избирачки места, гласањето ќе биде во среда на 22 мај

Изборите сепак не се завршени. Во игра се уште два мандати, по еден во 5-тата и 6-тата изборна единица, кои првично го доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги изгуби.

По синоќешната одлука на Управниот суд да ги отфрли сите жалби на Европскиот фронт, ДИК на седница на која не пресуствуваше потпретседателката претставник на ДУИ, Дитмире Шеху, едногласно ја донесе одлучи во среда да се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. .

ДИК – прегласување за Парламентарни избори 2024

Изборна единица 5 Изборна единица 6

Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101

Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1

Струга – избирачко место 1884

Охрид – избирачко место 1272

ДУИ во 6-тата изборна единица освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш Вреди ќе добие уште еден мандат и ќе се изедначат со по 8 пратеници. Во петката пак, ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца. Но по прегласувањето има три опции, може да се случи ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна

Тој засега нема да биде префрлен во Братислава, соопштија словачки министри.

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фичо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки./МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ја следат нивната активност, имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организиравме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста „Роднокрајци“, чии претставници творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Весела Честоева, директор на Вински музеј за регион „Тиквеш“, со седиште во Кавадарци.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. /МИА

притисни ентер