Савидис се извини за случувањата на натпреварот ПАОК - АЕК

Два пати се извинува претседателот и сопственик на грчкиот фудбалски клуб ПАОК од Солун, за инцидентите во неделата вечерта.


Во писмена изјава објавена на официјалниот сајт на клубот, Иван Савидис, и на почетокот и на крајот им се извинува на „навивачите на ПАОК, на сите грчки навивачи на светската фудбалска заедница“, вели дека жали за она што се случило и дека е свесен дека немал право да влезе на терен на начинот на кој го сторил тоа.

- Мојата емоционални реакција беше предизвикана од општата негативна ситуација што преовладува во грчкиот фудбал во последно време и од сите неприфатливи, неспортски работи што се случија кон крајот на натпреварот ПАОК- АЕК: постапките на судијата и помошникот (гол - офсајд - гол), прекинот на натпреварот, несогласувањата и влегување на теренот на десетици луѓе и од двете екипи. Сето ова можеше да создаде хаотична ситуација на теренот, а мојата единствена цел беше да ги заштитам десетиците илјади навивачи на ПАОК од провокации - судири - човечки жртви. – вели Савидис во писмената изјава о додава дека немал намера физички да се пресмета ниту со противничката екипа ниту со судии.

Првиот човек на солунскиот клуб пишува дека се бори и ќе продолжи да се бори за фер фудбал со чесно судење на сите натпревари.

Изјавата на Савидис доаѓа само неколку часа по истекот на рокот од 24 часа за неговото апсење за инцидентите во неделата вечерта.
Како што објави вчера МИА, грчката полиција ги бараше Иван Савидис и четири лица од неговото обезбедување, откако во неделата влетаа на терен за време на натпреварот ПАОК – АЕК, откако судијата поништи гол за домаќинот во 90та минута. А ситуацијата во Грција дополнително ја „вжештија“ и фотографиите на кои се гледа дека Савидис на неговиот појас носи пиштол.

Со одлука на грчката влада, на неопределено време е прекинато грчкото фудбалско првенство.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер