Сашко Кедев во „Само интервју“

Дами и господа, вечерва во Само Интервју ќе гостува академикот д-р Сашко Кедев..

Како светски признатиот кардолог стана алпинист рекордер – тој е првиот Македонец кој ги има искачено највисоките врвови на сите 7 континенти и стапнал на 12 врвови на Хималаите над 8.000 метри.. ќе паднат ли е последните 2 за да влезе и во светската историја?

Ако пандемијата ги извади на површина сите проблеми на здравството, има ли и кој е лекот за македонскиот здравствен систем?

Зошто поранешниот претседателски кандидат се откажа од политиката и покрај личниот рејтинг на анкетите и има ли шанси некогаш да се премисли?

Гледајќи ја од височините големата слика, треба ли да сме дел од ЕУ под „бугарски диктат“ или ќе скроиме некое магично решение до нова година?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува д-р Сашко Кедев, по вестите во 18 часот.

Руте: Знаеме што сака Путин оваа зима, мора да ѝ помогнеме на Украина

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте побара од земјите-членки на НАТО и другите западни партнери да испратат поголема помош за Украина како што се приближува зимата.

Говорејќи по состанокот со летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во воената база Адази, денеска Руте предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе ја искористи зимата како оружје“. Руте предупреди дека Русија ќе се обиде да го уништи електроенергетскиот систем на Украина.

„Затоа сите ние треба да ја зголемиме помошта за Украина, вклучително и противвоздушната одбрана, за да ја заштитиме критичната инфраструктура“, рече тој. Членките на НАТО, исто така, мора да ги зголемат сопствените трошоци за одбрана и да го зголемат производството на оружје, рече тој.

Руте и Ринкевичс присуствуваа на вежбата на мултинационалната бригада на НАТО стационирана во Летонија, која за прв пат вежбаше заедно во целосна подготвеност. Во вежбата „Одлучен воин“ учествуваа речиси 3.500 војници од 13 земји на НАТО.

На Камчатка во тек е акција за спасување на кит- убиец, се чека плима (ВИДЕО)

Млада женка кит убиец, насукана на брегот на Охотското Море на рускиот полуостров Камчатка, била одвлечена во морето и чека плима за да може да заплива, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации за Камчатка.

- Китот-убиец, кој се насука на брегот, беше префрлен во Охотско Море, а сега животното закрепнува, па постои надеж дека ќе доплива до морето - се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости, објави Ројтерс.

Веднаш по откривањето на насуканиот кит, луѓето почнале да ја полеваат со вода женката кит убиец и ископале канал во песокот до водата. Претходно беше објавено дека женката орка е во лоша состојба, кожата ѝ е напукната, а по телото има рани и дека најверојатно подолго време лежела на брегот.

На почетокот на октомври била започната спасувачка операција на брегот на Камчатка, во која неколку дена од плиткото било извлечено семејство китови убијци, меѓу кои и младенчиња. Тогаш сите животни биле спасени.

Познат е мотивот на мајката од Франција, која си ги уби трите деца

Жителите на мирниот град во Франција, каде мајка, наводно, избодела три деца до смрт пред да биде пронајдена мртва, велат дека можеби постапила од одмазда.

Дебора Пел (45) наводно ги избодела своите деца Џулс (2), Ноа (11) и Викторија (13) во нивниот дом во Танинг во вторникот, пред да се упати кон соседна Швајцарија, каде што подоцна била пронајдена мртва во ауди.

Локалните жители сега тврдат дека Дебора можеби „сакала да се одмазди со убивање на децата“ откако „со партнерот работите не оделе добро“ и тој се оддалечил, според Le Parisien.

Мажот, кој е татко на најмалото дете, го открил ужасот во семејната куќа и веднаш ги повикал надлежните. Обдукцијата покажала дека децата биле избодени до смрт.

Ќерката на Дебора, Викторија, наводно претходно ѝ рекла на својата пријателка дека „со нејзината мајка работите не се добри, дека е депресивна“. Дебора наводно оставила и проштално писмо, но содржината не е позната.

Телата на децата биле пронајдени во вторникот околу 13 часот, по што е започната потрага по мајката.

Дебора имала француско и швајцарско државјанство, поради што француските власти веднаш побарале помош од швајцарските колеги во потрагата по неа.

Вчера наутро нејзиното тело било пронајдено во автомобил на паркинг во Швајцарија, а причината за смртта се уште не е позната.

Полицијата го истражува мотивот за ова страшно злосторство.

Според медиумите, најстарите деца биле од претходната врска на Дебора, додека таа со сегашниот партнер го имала само најмалото дете.

Мештаните се во шок по злосторството, додека истрагата продолжува.

притисни ентер