Сари не се предава

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари е убеден дека неговиот тим има квалитети и сила да го освои Скудетото и покрај тоа што на последните две средби освои само еден бод од можните шест и му го препушти врвот на Јувентус.

Наполи синоќа на гостувањето кај Интер одигра нерешено 0:0 и падна на втората позиција во Серија А.

- Бевме блиску до трите бода, имавме шанси за гол но не реализиравме. Споредено со претходниот натпревар бевме далеку подобри со желба за триумф. Доколку Јувентус до крајот ги добие сите натпревари можеме само да им честитаме. Сепак мислам дека и нив ќе им биде тешко да ги освојат сите бодови до крајот. Ќе се бориме и убеден сум дека уште имаме шанса за титулата. Продолжуваме да веруваме во Скудетото, изјави Сари.

На десет рунди до крајот на Италијанското фудбалско првенство Јувентус на врвот има бод предност пред Наполи и натпревар помалку. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер