Самохраната мајка Венера бара помош од добронамерните

Еден месец живеат каде стигнат од роднини и до пријатели. Неизвесност каде ќе биде утре.

Со оваа судбина живее Венера и нејзината едногодишна ќерка Нина. По опожарениот стан во Ѓорче Петров, стасаа да живеат во Куманово. Овој Божиќ за неа е најтешкиот во животот, почина нејзината мајка во пожар, а станот што изгоре во пожарот сè уште стои со спомените на загубата и мирисот на чад. Таа не работи, ниту пак има пари да го реновира домот.

„На нас не ни треба нешто многу, само да има каде да се легне, да се јаде. Ни треба помош за сместување, зашто сега сме кај роднини… кај сестра ми не можевме повеќе, оти има деца. Не можевме кај нејзе и сега сме во Куманово“, изјави самохраната мајка Венера Анѓелковиќ.

Помош побарала само од општина Ѓорче Петров, оттаму рекле кога ќе ги завршат состаноците ќе го разгледуваат и нивниот проблем. До таму се јавиле, никаде понатака зашто изгубила верба во институциите. Собрала храброст со надеж дека преку Канал 5 ќе и се помогне и нејзиното дете ќе живее во својот дом.

„Добредојдена е секаква помош. Моментално гледате не може тука да се живее. Со дете мало сме, немаме каде да одиме. Било каква помош за нас, ќе значи многу“, вели Венера.

На 7 јануари годинава изгоре станот каде што живееше тричленото семејство, животот го изгуби нејзината мајка. Таа се задушила од чадот и не успеала да се спаси од гушењето и изгорениците по нејзиното тело.

Челси сака да го врати менаџерот кој му ја донесе последната титула во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челси наводно испратил исклучително примамлива понуда до Антонио Конте со надеж дека ќе го убеди да се врати на „Стемфорд Бриџ“ за да го замени Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се во исклучително тешка позиција. Тие го заземаат деветтото место и немаат шанси да фатат чекор за учество во Лигата на шампионите. Единствено што можат да обезбедат до крајот на сезоната е евентуално учество во Конференциската лига. Затоа менаџментот размислува за раскинување на соработката со Аргентинецот.

Една од целите на Челси беше Тиаго Мота, кој сезонава бележи фантастични резултати со Болоња. Сепак, се верува дека Италијанецот е многу поблиску до останување во Италија и клупата на Јувентус отколку до заминување во Премиер лигата.

„Ла Република“ објави дека лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за враќање на Конте. Италијанецот им ја донесе последната титула во Премиер лигата на „сините“ и управата верува дека би можел да го повтори тој успех.

Сепак, Конте е желба и на Милан и Наполи. Искусниот стратег е без работа во март 2023 година кога ја напушти клупата на Тотенхем. Во моментот на неговото заминување, „мамузите“ беа елиминирани од ФА Купот и Лигата на шампионите, додека беа на четвртата позиција во англискиот шампионат. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

притисни ентер