Кристи за овој настан облече бел мини фустан со долги ракави. Иако има 64 години оваа жена и понатаму може да облече мини здолниште и да изгледа извонредно.
Инаку, некогашната манекенка има три деца.
Од бракот со музичарот Били Џоел ја има ќерката Алекса која е пејачка и текстописец, а од бракот со архитектот Халсеј Кук ја доби ќерката Сејлот која од 15 години почна да се занимава со манекенство.
Кристи го има и синот Џек Парис Таубман кој го доби во бракот со Ричард Таубман.
Кристи никогаш не била поборник на диетите, но од својата 13 година е вегетаријанец и тоа можеби е клучот на нејзиниот совршен изглед.