Салах го собори рекордот на Руни во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на натпреварот од 14. коло на англискиот шампионат синоќа против Њукасл (3:3).

Триесет и двегодишниот Египќанец со гол и асистенција го собори рекордот за најмногу натпревари. Тој има 37 вакви средби.

Претходно, рекордот за најмногу натпревари со најмалку еден гол и една асистенција му припаѓаше на Вејн Руни кој настапуваше за Евертон и Манчестер јунајтед.

На Салах му требаа 214 меча помалку од Руни за да го достигне рекордот.

Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати

Претседателот на Сенатот на Казахстан Маулен Ашимбаев изјави дека причините за вчерашната авионска несреќа на азербејџанскиот „Ембраер 190“ во близина на градот Актау сè уште не се познати.

- Ниту Азербејџан, ниту Русија, ниту Казахстан имаат интерес да ја кријат вистината. Сите достапни информации ќе бидат споделени со јавноста, изјави Ашимбаев.

Според досегашните информации, 38 лица загинаа во несреќата. Авионот летал од Баку кон Грозни, а во него се наоѓале 67 патници.

Претходно денеска, директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руската противвоздушна одбрана.

Холандскиот крал до локалните муслимани и евреи: Да не внесуваме омраза на нашите улици

- Мораме да се погрижиме да не внесуваме горчина и омраза на нашите улици. На еврејските Холанѓани кои ми велат дека стравуваат за нивната иднина овде, им велам: Останете. Ние си припаѓаме едни на други. 

Во традиционалното божиќно обраќање до нацијата, холандскиот крал Вилем-Александер упати посебна порака до муслиманите и евреите во Холандија, повикувајќи ги да покажат поголемо разбирање и единство и да се спротивстават на „сето она што ги раздвојува“.

- Мораме да се погрижиме да не внесуваме горчина и омраза на нашите улици. На еврејските Холанѓани кои ми велат дека стравуваат за нивната иднина овде, им велам: Останете. Ние си припаѓаме едни на други. На холандските муслимани им велам: Ова е и ваша земја, ова исто така е ваша земја, порача кралот Вилем-Александер.

Во тој контекст, холандскиот монарх во своето божиќно обраќање се осврна и на тензиите во општеството предизвикани од различни геополитички конфликти во странство.

- Тензиите се видливи, како на меѓународно ниво, така и во нашата земја. Тоа не прави вознемирени. Многу луѓе се чувствуваат несфатени, несакани, незаштитени, додаде кралот.

Пораката на шефот на холандската држава доаѓа во време кога е се повидлива тензичната атмосфера меѓу припадниците на муслиманската и на еврејската заедница во Холандија.

Овие тензии го достигнаа својот врв пред неколку недели кога на улиците на Амстердам дојде до физички пресметки меѓу навивачите на израелскиот фудбалски тим „Макаби“ од Тел Авив и пропалестински активисти.

Според кралот Вилем-Александер, токму ваквите настани укажуваат на важноста меѓународните конфликти, како што е војната во Газа, „да не се увезуваат“ во холандското општество.

- Одговорноста за решавање на главните светски проблеми и горчливи конфликти е на друго место и е надвор од нашата моќ. Но, дали тоа не прави немоќни? Не, дефинитивно не... Бидете отпорни кон сето она што не раздвојува, додаде кралот.

Тој посочи дека согласно холандското законодавство, секој човек е еднаков пред законот и не е дозволена дискриминација.

- Ние не користиме насилство, дури ни кога се чувствуваме повредени или погрешно разбрани. Овие принципи не се предмет за расправа или дискусија и важат за секого, секогаш, додаде холандскиот крал Вилем-Александер во божиќно обраќање до жителите на Холандија.

Марота: Аталанта е еден од главните фаворити за Скудетото

Претседателот на Интер, Џузепе Марота го сподели своето мислење за кандидатите за триумф во италијанското фудбалско првенство во сезоната 2024/25.

- Денес сме речиси на крајот од првиот дел и фаворитите се секогаш исти. Има мала група на врвот составена од Аталанта, Интер и Наполи, но Милан и Јувентус се спремни да ги фатат, така што навистина сме во средна фаза. Од друга страна, мислам дека еден од главните фаворити годинава е Аталанта затоа што постигнаа зрелост, авторитет, убедување каков што досега немале. Мислам дека ова е одличен модел за следење, се разбира не за големите клубови бидејќи е тешко, но тие покажаа дека може да се победува без да се потрошат многу пари, изјави Марота за веб-страницата на Џанлука ди Марцио.

Првото место во Серија А по 17 кола го зазема Аталанта која освои 40 бода. На второ место е Наполи (38), трето е Интер (37).

притисни ентер