Сакале да му наплатат 39.000 евра за поправка, самиот се снашол (ВИДЕО)

Деталирањето е сè попопуларно денес, што вклучува мало оштетување на бојата. Во случај на големи оштетувања, најчестата класична поправка сè уште ја вршат лимари и лакери.

Токму по овој пат тргна сопственикот на електричниот пикап Ривиана Р1Т. Сепак, не бил малку изненаден кога добил понуда да ја поправи вдлабнатината на задниот лев агол на автомобилот во износ од дури 41.000 американски долари или нешто повеќе од 39.000 евра.

Наместо тоа, сопственикот решил да вози речиси илјада километри до специјалист за поправка на лим без бојадисување. Мет Дент од Slayer Boyette го прими, а во видеото можеме да ја видиме неговата магија. Тој објаснува дека понудата е толку голема бидејќи панелот на овој модел се протега сè до предниот дел на возилото, а потребна е многу работа ако се оди по класичната рута.

Неговиот метод е далеку помалку инвазивен. Филигрански прецизни потези и многу трпение по два дена удирање вродија со плод. И покрај тешко достапните површини и доста труд, ова сепак беше значително пократок и секако поповолен пат од класичната замена на панели и бојадисување.

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер