Сафет Бишевац и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Сафет Бишевац и Иван Анастасовски.

Ракометот е единствениот спорт кој во моментов во земјава генерира реални успеси, она што го направи Вардар докажа дека спортот може навистина да ги обедини луѓето, вели Анастасовски.
Невозможно е политиката да не сака да го присвои успехот, не можам да разберам зошто има поделби на ваков подвиг, тоа дефинитивно го спласна интензитетот на поводот за прославата, смета Бишевац.

Апели до навивачките групи во вакви моменти не поминуваат, според мене МВР требаше да инсистира на состанок со раководството на Комити и да ги предупреди дека со едно излегување надвор од колосек следува кривична пријава, вели Бишевац.
Вчера имавме јавен собир кој наспрема спортските настани подлежи кон други законски норми, во вакви ситуации треба да заигра репресивниот дел кога состојбата ќе ескалира, додава Анастасовски.

После менувањето на уставното име ЕУ нема никаков друг аргумент за нашиот пат кон европското семејство, но факт е дека големите политички држави кои моментално се пречка не реагираат на емоција туку се водат исклучиво од сопствените интереси, дециден е Бишевац.
Триесет години ни беше затворана вратата кон ЕУ, сега е клучно да се напомене дека тој пат е добро позициониран, но има уште многу работа околу реформите, особено поглавјето 24, вели Анастасовски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер