САД одобрија нов лек против алопеција- може да обнови до 80% од косата

Изгледа дека кај пациенти со автоимуна болест alopecia areata, која предизвикува значително опаѓање на косата, оваа состојба може да биде реверзибилна, односно да има повторен раст на косата во областите каде што е забележано губење на косата.

Всушност, една неодамнешна клиничка студија на лек покажала толку ветувачки резултати што американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри неговата употреба за пациенти постари од 12 години.

„Алопеција ареата е ненадејно губење на косата кај луѓе без очигледно кожно или системско заболување. Најчесто се засегнати скалпот и брадата, но може да биде засегната која било област од телото. Губењето на косата може да влијае на голем дел или целото тело (alopecia universalis)“, пишува МСД.

„Алопеција ареата се смета за автоимуна болест која ги погодува генетски предиспонираните поединци изложени на нејасни фактори на животната средина, како што се инфекција или емоционален стрес. Понекогаш се појавува заедно со автоимуно витилиго или тироидитис“, додаваат.

Некои пациенти кои страдаат од алопеција ја губат целата коса на скалпот, трепките, веѓите, како и сите други влакна на телото. Ваквите тешки случаи обично се особено отпорни на достапните третмани, но новиот лек ritlecitinib сега може да го промени тоа.

За време на втората и третата фаза клинички испитувања (тестирање на луѓе), оралниот лек променил до 80 проценти од опаѓањето на косата на скалпот кај речиси четвртина од сите пациенти, и се чини дека е еден од ретките третмани за тешка алопеција кој е ефикасен и добар и го толерира значителен број луѓе.

Ritlecitinib го продава Pfizer под брендот LITFULO, а препорачаната доза е 50 милиграми дневно, пишува Science Alert.

„Иако алопеција може да се развие на која било возраст, повеќето луѓе почнуваат да покажуваат симптоми во тинејџерските, дваесеттите или триесеттите години. LITFULO е особено важна опција за третман за помлади пациенти со значително губење на косата“, вели дерматологот Британи Креглоу од Универзитетот Јеил.

Повеќе од 700 пациенти со алопеција од 18 земји учествувале во клиничкото истражување на LITFULO. Секој учесник имал опаѓање на косата на половина од скалпот, додека половина од нив имале целосно губење на косата на черепот.

Во споредба со оние кои земале плацебо, пациентите кои земале 50 милиграми LITFULA дневно имале значително ниво на повторен раст на косата. Околу 23 проценти од пациентите кои го земале лекот половина година по тој период имале 80 проценти (или повеќе) покриеност на скалпот, во споредба со 1,6 проценти од оние кои земале плацебо.

Засега не се знае точно како LITFULO го стимулира растот на косата, но резултатите од истражувањето на биопсиите на глувците и скалпот укажуваат дека го намалува хиперактивниот имунолошки одговор кој предизвикува воспаление во фоликулот на косата. За жал, овој механизам може да влијае на целокупната функција на имунолошкиот систем, што значи дека оние кои земаат LITFULO би можеле да бидат поподложни на инфекции и болести.

Истражувањето наречено Efficacy and safety of ritlecitinib in adults and adolescents with alopecia areata: a randomised, double-blind, multicentre, phase 2b–3 trial е објавено во медицинското списание The Lancet.

Првенства на Македонија во шах: за титулата кај мажите има повеќе кандидати

Кај дамите се издвоија шахистките на ШК Алкалоид.

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257). Меѓу изненадувачките резултати од второто коло треба да се извојат блесоците на ветераните Атанас Ташевски (1955) и Лазо Спасовски (1770), кои во вчерашното четврто коло стигнаа да играат на првата, односно на третата табла. ИМ Емил Ристески (2365), со победата над Спасовски, стигна до максимални 4 бода, додека, пак, ИМ Тони Лазов (2358), по трите победи во низа во четвртото коло, ремизираше со ФМ Андреј Велјаноски (2290) и е веднаш зад него со 3,5 бода. Шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), исто така, има само половина поен помалку од лидерот, откако во третото коло ремизираше со вториот носител ИМ Никола Николовски (2381), а вчера го совлада Дејан Јанков (2165).

Во женска конкуренција се игра посебен турнир со учество на 10 шахистки, кои играат според Бергеровиот систем (секоја против секоја). Паровите беа одредени со ждреб за стартни броеви, па така дел од фаворитките за висок пласман се сретнаа уште во првите рунди.

Во првото коло Жежовска (1868) го доби мечот со Николовска (1905), додека, пак, во второто коло ремизираше со ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Во третото коло Леа Ефтовска (1797) ја совлада Жежовска, па на тој начин внесе неизвесност во борбата за првите позиции. Откако по три кола водечка беше Инџи Ајрадиновска (1809), Леа Ефтовска во четвртото коло ја совлада во директен дуел и го презеде врвот со 3,5 бода. Сепак, идентичен скор има и ЖИМ Габриела Коскоска, која во вчерашното четврто коло имаше лесна победа над младата Смилевска, па така двете дами од ШК Алкалоид се на водечките позиции.

На двата турнира се предвидени по 9 кола, односно со партиите од петтото коло, кои се играат денес, турнирите влегуваат во втората половина. /МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти, подготовките се во завршна фаза, соопшти денеска директорката Весела Честоева, за настанот што се подготвува за во сабота, на меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници ќе творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг, е „Винскиот музеј низ артефактите". Всушност, на лице место, уметниците ќе сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ќе ја следат нивната активност, ќе имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организираме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста ,,Роднокрајци", чии претставници ќе творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Честоева.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа./МИА

Почна санација на десетина улици во Куманово

Почна поставување на бекатон на улици на различни локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од секоторт за комунални дејности.

Во моментов се поставува бекатон плочки на улицата „706“, на крак од улиците „Инудстриска“, „Јоско Илиевски“. Бекатон се поставува на две улици во населбата „Перо Чичо“.

-Бекатон се поставува на улиците во населбите кои се потесни имаат постар квалитет на подземна инфраструктура. Се надеваме дека ќе ги санираме за скоро време. Според програмата имаме десетина улици каде ќе се поставува бекатон. Очекуваме граѓаните да добијат соодветно поврзување со главните сообраќајници, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Општина Куманово одвои над 22 милиони 490 илјади денари за две компании за поставување на бекатон. Градот е поделен на источна и западна зона и за поставување на бекатон се задолжени две фирма од Липково и Студеничани кои делат скоро по единаесет милиони денари.

- Имаме доста барања за поставување на бекатон. Станува збор за улици, претежно од населбите, но има во централно градско подрачје, краци каде инфраструктурата е постара и е потребно да се постави бекатон. Се надеваме дека до крајот на градежната сезона ќе успееме да одговориме на најголем дел од барањата на граѓаните, изјави Јовановски.

На една од улиците каде се поставува бекатон е и „706“ во релативно новата населба „Гладно Поле“ со новоизградени куќи, каде граѓаните со години бараат изградба на инфраструктура, за што беа одвоени над 2, 6 милиони денари. Претходно, жителите на приградската населба „Иго Тричковиќ“ добија бекатон на неколку улички по четири децении.

притисни ентер