САД очекуваат да примат најмалку 50.000 Авганистанци

 Најмалку 50.000 евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас.

Мајоркас рече дека приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност" на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт.

Повеќе од 40.000 Авганистанци веќе ги поминаа безбедносните проверки и пристигнаа во САД.

Се уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои привремено ги прифатија.

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер