САД и нудат на Украина гаранција за заем до една милијарда долари

САД и нудат на Украина гаранција за заем до една милијарда долари за да и помогнат на нејзината економија поради притисокот од руското воено засилување, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Оваа понуда ќе ја зајакне способноста на Украина да обезбеди економска стабилност, раст и просперитет за своите граѓани, соочени со дестабилизирачкото однесување на Русија, рече Блинкен.

Силно партнерство меѓу Украина, ММФ, другите меѓународни финансиски тела, Г7, богатите земји и други билатерални донатори, исто така, ќе помогне во тие напори, додаде тој.

Мелинда Гејтс ја напушта фондацијата на нејзиниот поранешен сопруг Бил

Мелинда Гејтс, која ја предводи една од највлијателните филантропски фондации во светот, денеска соопшти дека ќе ја напушти.

Таа ја основа таа организација наречена Фондација Бил и Мелинда Гејтс со нејзиниот сега поранешен сопруг Бил во 2000 година.

Како што напиша на својот профил на X, таа е „неизмерно горда“ на работата на Фондацијата.

Последниот ден на Мелинда Гејтс во оваа организација посветена на здравствената заштита и намалувањето на сиромаштијата ќе биде 7 јуни. /МИА

Сојузната држава Минесота си го смени знамето

Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект.

Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува во колекцијата на Историската заедница на Минесота.

Претходното знаме се стоеше од официјалниот грб на државата ставен на сина заднина. Стариот грб претставувше кружна илустрација на пејсажи на државата; на преден план илустрација на доселеник белец кој ора нива, покрај него пушка навалена на дебло, во заднина е насликан индијанец вооружен со копје качен на коњ.

Новото знаме сега е поминималистичко. Составено е од три бои, бела сина и темно-сина насликана Поларна звезда од левата страна и со опис L'Étoile du Nor (звезда на Северот), единствено мото на држава на САД на француски јазик.

Сменет е и грбот, што сега има илустрација на птица – црноклунеста гуска. Над неа напишана фразата Mni Sota Makoce со референца на називот „Минесота“ кој доаѓа од јазиот на индијанците Дакота. Оваа фраза се преведува како „земја каде водата го одразува небото“. Тоа е референца на многубројните водени богатства на териороријата на државата. Еден прекарите на Минестоа е „држава на десет илјади езера“.

Селекцијата ја вршеше специјална комисија за избор на новото знаме во текот на повеќе месеци. Во потесен избор беа разгледувани 2.128 варијанти. /МИА

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс.

Винчиќ оваа сезона судеше на седум натпревари во Лигата на шампиони, вклучувајќи го и реваншот во четвртфиналето меѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 1 јуни на стадионот Вембли во Лондон со почеток во 21 часот. /МИА

притисни ентер