Руските спортисти се најпроверувани за допинг во Пјонгчанг

Руските спортисти, кои се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг под неутрално знаме, се најпроверувани за допинг во деновите пред и по почетокот на натпреварувањата.

Тимот, кој е во Пјонгчанг под името Олимписки спортисти од Русија (ОАР), е оценуван како највисокоризична група, иако секој од нив бил проверувани од специјална комисија пред да биде примен.

- Пред почетокот на Игрите на нив се направени многу повеќе тестови отколку на било која друга група спортисти или тим кој учествува тука, изјави директорот на медицинскиот департментот на МОК, Ричард Баџет.

Руските спортисти беа главен фокус за работната група пред Игрите и сега на Игрите, со оглед на истрагите и податоците од проверките во борбата против допингот.

Групата ОАР, како што е меѓународното име на тимот од Русија, вклучува 168 спортисти. Самиот Олимписки комитет на Русија сепак трпи казна, како и спортистите, чии мостри се позитивни за допинг. Истрагата на МОК покажа дека постоел систем, поддржан од државата, за заштита на оние кои земале допинг и нивните тренери. За такво нешто потврди дури и Владимир Путин, шефот на државата.

- Можеме да бидеме сигурни дека пуштените натпреварувачи од Русија се чисти, но поради нивната историја од блиското минато, ние треба да бидеме внимателни. И тоа е причината тие да бидат тестирани. Да, проблематично е да си проверуван постојано, но не би требало да сте загрижени, ако нема за што да бидете загрижени, додаде Ричард Баџет.

ОАР го прослави и првиот освоен медал откако Семјон Елистратов освои бронза на 1.500 метри на кратки патеки (лизгање). Тој беше фатен со позитивен примерок со мелдониум во 2016-та година, но беше расчистено неговото име кога Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги амнестираше оние спортисти, кои имале низок резултат на допинг тестот./МИА

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

притисни ентер