Руските милијардери си го зголемиле богатството за уште 53 милијарди долари

Руските богати луѓе, кои се меѓу 500 најбогати луѓе на светот го зголемиле своето богатство за вкупно 52,9 милијарди долари во последните четири години, објави Блумберг.

Индексот на милијардери на Блумберг (ББИ) се заснова на цената на акциите на компаниите во кои учествуваат милијардерите. Најбогатиот Русин е повторно најголемиот акционер на Норникел, Владимир Потанин. Неговото богатство порасна за 8,5 милијарди долари и изнесува 28,2 милијарди долари. Норникел е најголем светски производител на паладиум и на никел, платина и бакар.

Сопственикот на Новатек Леонид Михелсон го зазеде второто место, зголемувајќи ја својата сметка за 5,2 милијарди американски долари, со што вкупната актива му изнесува 24,6 милијарди долари. Новатек е најголемиот приватен производител на гас во Русија.

Меѓу првите тројца од најбогатите е сосопственикот на нафтената компанија Лукоил, Вагит Алекперов, чиј капитал порасна за 6,2 милијарди долари и се проценува на 22,3 милијарди.

Меѓу најбогатите Руси се сопственикот на челичарницата НЛМК ,Владимир Лисин со богатство од 21,3 милијарди американски долари (зголемување за 3,5 милијарди долари), сопственикот на металуршката компанија Северстал, Алексеј Мордашов (плус 2,5 милијарди долари, до 20 милијарди), Генадиј Тимченко кој е сопственик акции во Новатек и Сибур (плус 4,4 милијарди американски долари, вкупен капитал 18,2 милијарди американски долари), итн.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер