Професорот Иван Павлович Неумвакин напишал книга за оваа намирница.
Дали обичната сода-бикарбона е нешто што може да ги одржува вашите заби блескави, да служи за чистење во кујната и бањата и да го смири вашиот стомак?
Професорот Иван Павлович Неумивакин, познат руски лекар, во својата книга „Сода - Митови и реалност“ препорачува редовно консумирање на сода бикарбона со цел да се алкализира телото. Истакнува дека содата бикарбона е корисна за луѓето кои страдаат од зголемена киселост на организмот поради внесување на отрови преку исхраната и водата, и тврди дека земањето сода бикарбона со млеко може да го алкализира организмот.
И покрај препораките на професорот, многу научници веруваат дека оваа теорија е опасна по здравјето. Постојат контроверзии околу препорачаното внесување на сода бикарбона, а многумина веруваат дека таквиот пристап може да има негативни последици за организмот.
Алкализација на телото и здравјето
Алкализацијата на телото е тема што предизвикува многу дебати во медицинските кругови. Некои експерти истакнуваат дека одржувањето на оптимално ниво на pH во телото е од суштинско значење за здравјето, додека други ја оспоруваат ефикасноста на методите за оваа намена, како што е земањето сода бикарбона.
Исто така, страницата за проверка на факти, Snopes, направи своја анализа и изјави дека никогаш не е научно докажано дека обичната сода бикарбона може да го алкализира телото.
– Единствената pH вредност во вашето тело која може да ја промените со исхраната е pH вредноста на вашата урина – навеле во истражувањето.
Уште во 2016 година, списанието Liverscience пишуваше за научниците од Универзитетот во Јута кои зборуваа за ризиците од консумирањето на сода бикарбона и верувањето дека може да ја регулира pH вредноста на телото.
„Консумирањето премногу сода бикарбона може да доведе до здравствени проблеми како што се перфориран желудник, висок крвен притисок поради преоптоварување со натриум и можни камења во бубрезите поради производство на вишок калциум во урината“, додаваат тие.
За што не се препорачува сода бикарбона?
За кожата. Најголемиот орган на телото е благо кисел. Ова му помага да ја задржи влагата и да ги држи штетните бактерии надвор од вашето тело. Но, ако имате чувствителна кожа, содата бикарбона веројатно е лош избор за вас.
За косата. Некои луѓе го прескокнуваат шампонот и користат мешавина од сода бикарбона и јаболков оцет за косата. Со тек на време, ова ќе го влоши изгледот и квалитетот на вашата коса. Како и кожата на главата (скалпот), косата е природно кисела. Содата бикарбона на почетокот може да помогне вашата коса да заблеска, но со тек на време ќе предизвика сушење и плеткање на косата, пишува Webmd.