Руската владејачка партија најави кривична одговорност за компаниите кои ги применија санкциите

Партијата „Единствена Русија“ предлага компаниите кои се придржуваат до санкциите наметнати на Русија од страна на западните земји да бидат кривично одговорни, пишува руската државна новинска агенција ТАСС.

Агенцијата го цитира Андреј Турчак, секретар на генералниот совет на партијата.

Турчак рече дека владејачката партија во блиска иднина ќе подготви релевантни амандмани за рускиот парламент.

„Ние штотуку усвоивме амандмани со кои се воспостави административна и кривична одговорност за компаниите кои поддржуваат санкции против руски поединци. Освен тоа, таквата индиректна поддршка за странски санкции во нашата земја се квалификува како ништо друго освен предавство“, рече Турчак.

Партијата предлага „да се утврди остра, вклучително и кривична одговорност за таквите деловни субјекти и нивните менаџери за почитување и спроведување на западните санкции“, според Турчак.

Турчак понатаму рече дека во позадината на „западната санкции е хистерија, има евидентирани случаи кога руски компании, вклучително и компании со државно учество, одбиваат да работат со санкционирани банки и претпријатија под изговор дека и самите ризикуваат да бидат цел на санкции. Нечесни конкурентите исто така ја користат ситуацијата, активно ширејќи повици за прекин на соработката со компаниите погодени од санкциите“., објави Си-Ен-Ен.

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер