Русија повлече дел од трупите од украинската граница, прв сигнал за крај на ескалацијата

Ден пред денот „Д“, како што го назначија дел од западните сојузници, прв конкретен сигнал за можна деескалација на кризата.

Русија соопшти дека повлекува дел од трупите на границата со Украина и објави видео снимка на конвој околопни возила како се враќаат во своите бази.

И додека руските тенкови се враќаа, нови тензии навести веста од руската Дума. Пратениците со огромно мнозинство ја изгласаа резолуцијата за признавање на независноста на двете самопрогласени украински региони Луганск и Доњецк, кои пред осум години без заземени од руските сепаратисти. Одлуката сега е во рацете на Путин, кој ќе треба да го потврди или отфрли ставот на Собранието. Киев жестоко реагира.

-Би сакал уште еднаш да потсетам на непроменливата позиција на Украина - доколку се донесе одлука за признавање, Русија де факто и де јуре ќе се повлече од договорите од Минск со сите придружни последици, изјави Дмитро Кулеба, министер за надворешнио работи на Украина.

Во дипломатска мисија во Москва пристигна германскиот канцелар Олаф Шолц, а на средбата со Путин се повтори минатонеделната слика како со францускиот колега Макрон. И Шолц, согласно протоколот, остана дистанциран на пет метри од домаќинот, откако и тој одбил да направи руски ПЦР тест, а се тестирал со тест на германската делегација во авионот.

-Се разбира, значителен дел од нашето време би посветиле на дискусија за прашањата за ситуацијата во Европа поврзани со безбедноста и дискусиите што сега толку жестоко се одвиваат по ова прашање, вклучително и во врска со настаните околу Украина, изјави Владимир Путин, претсеател на Русија.

Дел од западните сојузници и натаму сметаат дека руската инвазија е многу веројатна и со закана за пошироката стабилност на Европа.

-Ова, се плашам, нема да застане во Украина. Ова е и напад врз соседните земји на Русија и другите источноевропски земји во обидот да се поткопа нивниот легитимитетот да бидат дел од НАТО. , изјави Лиз Трас, министерка за надворешни работи на Британија.

Веста дека Москва повлекува дел од трупите околу Украиана предизвика пад на цената на нафтата за 2,5 проценти и сериозен скок на вредноста на рубљата.

Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и посака мирна година

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска преку писмо му ја честиташе 76-годишнината од независноста на израелскиот претседател Исак Херцог и посака „годината што доаѓа да биде помирна“.

Во писмото, Бајден истакна дека САД се „горди на нашите трајни односи со Израел“, во услови на затегнати врски во последните недели по заканата на американскиот претседател дека ќе ја запре испораката на оружје доколку израелската војска продолжи со копнената офанзива во Рафа.

„Минатата година беше длабоко болна, бидејќи Израел го претрпе најлошиот напад во својата историја на 7 октомври 2023 година. Но, народот на Израел покажа огромна сила и издржливост“, нагласи Бајден.

Пред Олимпијадата, ракометна судиска двојка Начевски и Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски

 Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

По бројните врвни натпреварувања од кои ќе ги спомнеме последните - Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз.

За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честиташе големиот успех за кој тие недамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч која се доделува на сите заслужни жители, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакнал дека му причинува големо задоволство што и денеска, како што рекол, прославуваат уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка.

-Да се суди на Олимпијада и тоа по четврти пат говори за континуиран квалитет со кој сме горди сите ние, пред се жители на Општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски, истакнал градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната средба со Начевски и Николов.

Романо: Хумелс нема да игра на ЕП

Одбранбениот фудбалер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, нема да биде повикан во германската репрезентација за ЕП 2024 година, објави авторитетниот инсајдер Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Според Романо, наместо Хумелс во репрезентацијата ќе биде повикан 27-годишниот дефанзивец на Ајнтрахт Робин Кох.

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Оваа сезона 35-годишниот Хумелс настапи на 38 натпревари од Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и една асистенција.

Хумелс со својот тим избори финале на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Натпреварот ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

притисни ентер