Руси , Кинези и Јужнокореанци се заинтересирани за бугарската нуклеарна централа Белене

Државните енергетски компании од Русија , Кина и Јужна Кореја се меѓу седумте заинтересирани за статусот на стратешки инвеститор во проектот на нуклеарната електрана Белене.

Како што изјави бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, Софија инатата година го оживеа проектот Белене за кои на руската компанија Росатом и биле платени 620 милиони евра во 2012 да се окаже од овој проект.

„Многумина беа скептични, сомневајќи се дека некој воопшто би имало заинтересирани за проектот. Писмата со намери ги елиминираа овие сомнежи. Станува збор за светски лидери во нуклеарната енергија“, рече бугарската министерка.

Писма за намери испрати руската Росатом, кинеската CNNC и подружницата на Кореа Електрик Корп, Кореја Хидро и Нуклеарна Електрична Компанија (КХНП), потоа конзорциум во кој учествува чешката компанија Витковице Хеви Машини, двајца бугарски понудувачи и една компанија регистрирана во Германија.

,,Соседната Северна Македонија е заинтересирана за малцински удел и долгорочни договори за набавка на нуклеарна енергија, проценети на 10 милијарди евра", рече министерката Теменушка Петкова.

Бугарската енергетска компанија е исто така заинтересирана за малцинскиот удел, кој исто така сака долгорочен договор за откуп на електрична енергија. Владата планира да задржи удел во проектот што ќе и овозможи да влијае врз клучните деловни решенија, но нема да одобри државни или корпоративни гаранции или да биде подготвена да купи електрична енергија според долгорочните договори за повластени цени.

Имињата на кандидатите од потесниот избор ќе бидат објавени за три месеци, а потоа ќе бидат побарани обврзувачки понуди. Владата нема да ангажира консултанти за процесот на селекција што треба да се одржи во мај 2020 година.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер