РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,

користете сигурносен појас,

возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,

не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,

возете со технички исправно возило,

прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,

не зборувајте на мобилен телефон додека возите,

внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Второ место на турнир во Митровица, Србија за 3x3 екипата на Кино Влае

Нашата најреномирана 3x3 екипа учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица, со малку изменет состав и го освои второто место и сребреното одличје.

Во финалето загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Hill Top. Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа кој го замени Марко Дујкович, кој сеуште се нема приклучено на припремите после добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар.

Ова го означува почетокот на припремите на екипата Кино Влае, во лето каде што ги очекуваат турнири на домашната сцена, но и многу меѓународни турнири во соседните земји. Освен тоа во зависност од распоредот и обврските екипата припремите може да ги одработи и со кратки посети на елитни турнири во Германија, Шведска, Франција, Шпанија, Виетнам и Америка каде што имаат директни покани од организаторите.

Менаџерот Димитри Лазаревски изјави дека екипата ги разгледува сите опции за интернационални турнири и се обидува да направи оптимален план за летото, во кое сакаат да изиграат што повеќе турнири на меѓународната сцена, а дополнително размислуваат за едно странско засилување со докажано реноме.

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се обрати до тренерот, Јирген Клоп, кој во неделата за последен пат го предводеше тимот од „Енфилд“.

-Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуството од последните седум години со тебе. Ти посакувам среќа во иднина и се надевам дека повторно ќе се сретнеме, напиша Салах на социјалната мрежа.

Клоп во голем стил се прости од Ливерпул. Победи и почна да го скандира името на новиот тренер.

Германецот го презеде Ливерпул во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

притисни ентер