Родовите прашања во медиумите во фокусот на четвртиот јавен состанок на АВМУ

Агенцијата денес го одржа последниот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот, Зоран Трајчевски ги презентираше реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје.

Тој направи пресек на спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање и издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените студии, меѓународните активности, активностите во рамки на процесот на европска интеграција на земјава.

Посебен акцент на настанот беше ставен на родовите прашања во медиумите. Организацијата Коалиција Маргини го презентираше „Водичот за новинари“, чија цел е да биде главен извор на новинарите кои сакаат да обработуваат медиумски прилози за трансродовите лица на јасен и разбирлив начин. Публикацијата, која е подготвена од организацијата Transgender Europe, со поддршка на Програмата за права, еднаквост и државјанство на Европската Унија, дава практични насоки за начинот на кој треба да се пишува за трансродовите лица или за прашањата кои ги засегаат.

На настанот, претставничка на Хелсиншкиот Комитет за човекови права ги пренесе резултатите од анализата за начинот на известување на медиумите за манифестацијата „Скопје Прајд 2019“. Генералната оценка е дека телевизиите, печатените медиуми и најголем дел од релевантните интернет медиуми во земјава, коректно и професионално информираа за „Скопје Прајд 2019“. Сепак, беше посочено дека во дел од медиумското известување изостана отворена осуда на говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

На крајот на состанокот беа презентирани резултатите од застапеноста на родовата структура во сопственоста кај телевизиите и радијата кои емитувале програма на национално, регионално и локално ниво во 2019 година. Податоците од оваа анализа, која ја изработи Агенцијата, се показател за постоењето на помалата застапеност на жените во сопственичката структура на телевизиите и радијата. Вкупно 68 радиодифузери, од кои 28 телевизии и 40 радија се во целосна сопственост на мажи, додека 23 радиодифузери, односно 3 телевизии и 20 радија, се во целосна сопственост на жени. Деталните податоци за родовата структура на сопственоста и на вработените во радиодифузијата ќе бидат објавени на почетокот на 2020 година, се наведува во соопштението од АВМУ.

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

Утре нов обид да се намалат ценита на осигурителните полиси

Утре во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.

Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на финасии да останат старите цени пред 25 Април осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени. По утрешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените. Владата ќе ја донесе конечната одлука на седница кои цени ќе останат. Според извори од Агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 објаснуваат зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат.

Според добиените податоци, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била 65милиони евра. Во однос на претходниот тренд бил дека осигуртелните компании исплаќале и до 50% од собраните средства. Вкупно за 2023 година се исплатени над една милијарда денари провизии за продажба на автомобилско осигурување. Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари. Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

Оправдувањето на осигурителните компании одлуката за зголемување на цената на осигурителната полиса за 15,4 ‘ ја оправудваат дека повеќе од десет година цената не е промената, а трошоците им се зголемиле.

притисни ентер