Родители во Индија ги туркаат ќерките во лажни бракови заради платен секс

Огромен проблем во Индија е искористувањето на сиромашните муслимански семејства прд се со краткотрајните лажни договорни бракови кои траат по еден месец. Тие, како што пишува српскиот Блиц, се се почест проблем на југот на Индија, каде богатите странци, локалната полиција и кавазии(свештеници) го искористуваат сиромашното население.

Во приказната на Блиц, Наушин Тобасум е една од жртвите на "бракот за секс" и онаа која ги разоткрила размерите на овој бизнис, откако побегнала од дома бидејќи нејзините родители ја продале на богат Суданец за 1.200 фунти со цел да му биде "жена" четири недели.

Нушин раскажала како нејзината тетка ја однела во хотелска соба каде имало уште три тинејџерки. Заедно девојчињата биле претставени на директорот на суданска нафтена компанија, 44-годишниот Осама Ибрахим Мухамед кој е оженет татко на две деца.

Мухамед за своја жена ја одбрал Наушин и подоцна дошол во нејзината куќа каде бил изведен обредот на венчавање. За овој "брак" тој платил 100.000 рупи (околу 1.200 фунти). Тетката на Наушин им дала 70.000 рупи на родителите на својата внука, 5.000 дала на свештеникот кој ја изведувал церемонијата, 5.000 му дала на преведувачот и задржала 20.000 рупи за себе. Заедно со венчалниот лист бил издаден и "талакнама", документ со фиксиран датум за развод, кој се поклопувал со завршувањето на одморот на младоженецот.

Наушин побегнала од својата куќа, но полициската патрола ја фатила. Биле уапсени младоженецот, нејзината тетка и свештеникот, а бил издаден и налог за приведување на нејзините родители, поради тоа што Наушин е малолетна, а според индискиот законик не може да стапи во брак пред да наполни 18 години.

"Морав да соберам храброст и да одам во полиција. Најпрво не знаев што се случува, тие ме натераа на тоа. Го променија датумот на мојот извод на родените и со цел да изгледа дека имам 24 години. Морав да ги пријавам бидејќи тие експлоатираат девојки. Дома не сакам да се вратам, бидејќи се плашам.", изјавила тинејџерката.

Инспекторот Кумар изјавил дека постојат голем број на краткотрајни бракови. Осама дошол во Индија на препорака на негови пријатели, бидејќи во неговата земја за секс мора да плати три пати повеќе, бидејќи понудата таму е многу мала, или може да земе друга жена.

Инспекторот исто така објаснил дека странците се женат со млади Индијки бидејќи проституцијата е забранета во исламскиот законик, а сиромашните девојки на овој начин собираат пари за нивната "вистинска" венчавка.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер