Родено првото бебе зачнато со новиот „Фертило“ метод

Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). 

Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“.

- Воодушевени сме што можеме да го прославиме првото раѓање на бебе зачнато со „Фертило“. Со надминување на главните предизвици на конвенционалното „Ин-витро“, како што се долгите циклуси на третман, значителни несакани последици и емоционален и физички напор, „Фертило“ обезбедува потенцијално побрзо, побезбедно и подостапно решение за семејствата. Ова е пресвртница во репродуктивното здравје и ја истакнува првата примена на ИПСЦ-технологија, како и огромниот потенцијал на нашата технологија, изјави директорката и ко-основачка на „Гамето“, д-р Дина Раденковиќ.

Новиот метод користи вештачко обликувани клетки со коишто го пресоздава природниот процес на созревање на јајце-клетки вон телото - во лабораториски услови. Притоа, се намалуваат циклусите на третман од вообичаените 10 - 14 дена на три дена.

- Овој напредок претставува историски пресврт во репродуктивната медицина. Можноста за созревање јајце-клетки вон телото, со минимална хормонална интервенција, значително ги намалува опасностите како што е синдромот на хиперстимулација на јајниците и ги ублажува несаканите последици предизвикани од високи дози хормони. „Фертило“ е голем напредок за жените кои не можат да толерираат - или не сакаат да се подложат на товарот на вообичаениот протокол за „Ин-витро“. Тоа носи надеж и нови можности за поширокиот опсег на пациентки, појасни д-р Луис Хатман, кој го надгледуваше целиот процес.

И мајката на бебето го сподели своето искуство.

- „Фертило“ беше претпочитана опција во споредба со традиционалните пристапи. Имаше помалку инјекции, а процесот на вадење јајце-клетки е помалку инвазивен, што ми даваше надеж и уверување. Овој пристап го олесни физичкото искуство и емоционалниот товар на хормонските инјекции. Благодарна сум ѝ на клиниката „Пранор“ и тимот на „Гамето“ за грижата и посветеноста да го остварат мојот сон, нагласи родилката.

„Гамето“ веќе доби лиценци за работа во неколку земји. Тука спаѓаат Австралија, Јапонија, Аргентина, Парагвај, Мексико и Перу. Во САД се подготвува третата фаза од испитувањата.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер