Роботски возила го блокираа сообраќајот во Тексас (ВИДЕО)

Случаите во кои робот-такси возилата го блокираат протокот на сообраќај се сѐ почести.

Повторно е компанијата Круз на удар, и тоа неговата испостава од Остин, Тексас. На социјалните мрежи се шират видеа од роботакси возила собрани среде улица каде го блокираат сообраќајот. Самоуправувачките возила стојат само делумно во колона, неколку се запрени во спротивна насока, а некои ги вклучиле сите четири трепкачи.

Ова не е прв пат возилата на Круз да предизвикаат толку гоплем метеж. Минатиот месец десетина роботски такси го блокираа сообраќајот во Сан Франциско, а истото се случи и минатиот јули. Вработените во Круз се обидоа да го расчистат метежот, но очигледно не толку успешно.

Како што дознава The Drive, портпаролот на компанијата открива дека густ сообраќај на пешаци и возила се можна причина за запирањето, што очигледно не го исполнува системот за контрола на возилото Круз.

„Сообраќајот на пешаци и возила на улицата беше густ“, рече портпаролот. „Нашите автомобили се дизајнирани да ѝ дадат приоритет на безбедноста, а тоа вклучува и да бидеме внимателни околу пешаците. Круз континуирано го надгледува својот возен парк и бевме предупредени за метежот во неделата наутро. Можевме да го решиме и сите возила ја напуштија областа автономно. Се извинуваме за сите непријатности“.

@realhousewivesofatx

this is getting our of hand

♬ original sound - Real Housewives of Austin

Во секој случај, има сѐ повеќе граѓани кои се незадоволни од роботаксијата и кои веќе не се задоволни со изговорите што ги слушнаа во август од извршниот директор на компанијата Круз за Остин дека „не се совршени“. Имено, роботаксијата Cruise се програмирани едноставно да застануваат во опасна или непредвидлива ситуација за која не постои специјално развиен алгоритам.

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.

Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.

А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.

-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.

Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.

Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига.

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии' со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!", потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока", дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко - економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму - брендирање на името ,Македонија' и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија - со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово", вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот", истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

притисни ентер