Ризова: Попладне и вечерва не очекуваат обилни врнежи од дожд

Од УХМР велат дека циклонот кој од Италија се префрли на Балканот ќе ја погоди и Македонија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Скопјани порано од очекуваното добиваат вода

150те работници на Водовод  ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении

Од два по полноќ на дожд и минусни температури, до доцна попладне... 150те работници на Водовод распоредени во неколку екипи, наместо за предвидените 15 часа само за санација, ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении, уште од времето на Југославија, за само 5 часа...

Од ископувања на дупки од повеќе од три метри, до супштање во истите како и во шахтите покрај огромните цевки кои требаше да се санираат, работниците велат дека на сите локации морале да работат точно како часовник за успешно да се изведе потфатот...

Најмногу главоболки велат им создале дебелите челични завртки, од квалитет кој денеска не може да се пронајде, а кои „запекле“ и се монтирани уште пред шест децении..

Директорот на Водовод кој го водеше целиот план укажа дека се заменети неколку вентили кои создавале проблем, вклучително и оној поради кој граѓаните на Ѓорче Петров трпеа со години оти немаа соодветен притисок во водоснабдувањето.

Се променија пет воздушни вентили каде што имаше заробен воздух во цевководот за подобрување на водоснабдувањето, се направи поправка на два затворачи фи-700мм

Градоначалничката Арсовска, која беше присутна на терен, работниците од Водовод ги нарече херои кои во неколку часа го решиле она што требало некој да го реши пред повеќе од 10 години...

Со оваа санација која се прави еднаш на неколку децении, ќе се зголеми и количината на водата која доаѓа до домовите за околу 20 проценти, бидејќи од 100% вода која се испушта од Рашче, само 40% можеше да се користи, останата се одлеваше под површината поради дефекти на цевководите.

Нов пораз на Манчестер сити во Премиер лигата

Астон Вила триумфираше попладнево над Манчестер Сити со 2:1 во воведниот натпревар од 17. коло во Премиер лигата.

Головите за тимот од Бирмингем ги постигнаа Џон Дуран во првото и Морган Роџерс во второто полувреме, додека почесниот гол за Сити го постигна Фил Фоден во судиското продолжение.

За актуелниот англиски првак ова беше деветти пораз на последните 12 натпревари.

Составот на Пеп Гвардиола е шестопласиран на табелата со 27 бодови, девет помалку од лидерот Ливерпул.

Вински салон во Неготино

Вински салон по шести пат се реализира денеска во организација на Здружението Македонски семејни винарии, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, овојпат во Неготино. 

Присутните имаат можност да дегустираат македонски вина и ракии произведени од 41 винарија и 10 дестилерии.

Горан Јаковлевски, претседател на „Македонски семејни винарии", рече дека производите што се дегустираат денеска, се имаат закитено со многубројни награди.

Александар Клинчаров, претседател на Македонски дестилерии, потсети исто така за докажаниот квалитет на македонските вина и ракии.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, изрази задоволство од настанот.

- Во наредната 2025 година продолжуваме заедно со уште поголема поддршка, да го развиваме винскиот сектор, подвлече министерот.

Изненадување и ексклузивитет на настанот беше настапот на амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука и неговата сопруга, најавени како вљубеници во нашата земја, кои пред присутните се претставија со музичка изведба на македонската песна „Елено моме".

Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов рече дека винариите и дестилериите квалитетот на сопственото производство го потврдија со добивањето на признанието „македонски квалитет" од страна на Сојузот на стопански комори и претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Во своето обраќање, тој истакна дека локалната самоуправа давала и ќе дава поддршка на винариите и дестилериите од општината. Стојанов нагласи дека е горд, што голем број од учесниците на денешниот вински салон, се токму од неготинската општина.

Во рамките на винскиот салон, може да се купат производите од грозје што се дегустираат на настанот.

Благодарници за особен придонес за развојот на малите семејни винарии и македонските дестилерии беа доделени на Сојузот на стопански комори и енологот Елена Богева.

- Голема чест е да се добие оваа плакета. Посакувам уште поголем успех на малите семејни винарии, да се развиваат уште повеќе и да бидат уште попрепознатливи надвор од Македонија, порача Богева.

притисни ентер