Ристовски: Треба од старт да се одреди каде ќе оди владата

„Реформа треба да има, Македонија има и кадровски потенцијал и политичка волја на власта да зачекориме кон правна држава“

Не смее да има дилеми во јавноста, доколку од премиерот или поголемиот владин партнер имате став дека нема да има уставни измени, не може вицепремиерот за ЕУ интеграции да каже на прес дека ќе има уставни измени. Треба од старт да се одреди каде ќе оди владата, мора до јавноста да се праќаат унисони сигнали, инаку рашемонијадата ќе доведе до несигурност, нестабилност.

Реформа треба да има, Македонија има и кадровски потенцијал и политичка волја на власта да зачекориме кон правна држава. Треба да покажеме повисоко ниво на сувернитет. Македонскиот народ очекува да се почувствува горд од новата влада. Недостоинствен човек ќе се почувствуа роб, треба народот да се почувствува слободен и така неговиот творечки гениј да дојде до израз.

Тоа што го кажа Ципрас е шамар за сите политички партии пред Преспанскиот договор. Македонскиот народ ја издвоил државноста и е државотворен народ во своја татковина, рече Љупчо Ристовски во Само Вистина.

Вучиќ: Пругата Белград-Ниш еден од најважните проекти

Пругата Белград-Ниш еден од најважните проекти, со ЕУ разговори за изградба на пруга до Прешево и Македонија.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти, и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кој присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш, која е дел од проектот за модернизација и реконструкција на пругата Ниш – Димитровград, на трасата на железничкиот Коридор 10, кажа дека ЕУ донираше 80 милиони евра за изградба на пругата Ниш-Димитровград и 35 милиони евра за обиколницата околу Ниш во должина од 22,5 километри.

- Од Белград до Ниш со воз ќе се патува еден час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш само четири и пол часа, рече Вучиќ во Ниш.

Тој посочи дека кога Србија ќе има брза пруга од Белград до Ниш, ќе биде многу побрзо да се патува до Грција и Турција и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата и од Ниш до Прешево.

- Тогаш ни останува само со Македонија да разговараме. После тоа, со неверојатни брзини ќе стигнеме до Солун и Атина, изјави Вучиќ.

Тој рече дека за него и за Владата на Србија, пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти.

- Со Европејците разговаравме за тоа со години. А потоа кога ни кажаа дека ќе ни дадат подарок од 600 милиони евра, тогаш реков одлично, ајде да работиме. Тоа ќе биде нова Србија, поинаква Србија, тоа е она за што сонуваме, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија кажа дека железничката обиколница ќе биде за брзини на возови до 160 километри на час и дека е дел од пругата Ниш-Димитровград и потсети дека во изградба е и делницата до Брестовац во должина од 23 километри.

- Останува да завршиме кон Лесковац и Врање, се оди кон тоа да ја изградиме комплетно пругата Ниш-Белград. Сега ја завршуваме Нови Сад-Суботица, целата оваа делница од 108 километри и кога ќе ја завршиме, а мислиме дека ќе завршиме за максимум три и пол до четири години, тогаш ќе имаме нешто што е неверојатно, нешто што не ни сонувавме дека е можно, рече тој.

Во тек е изградбата на завршниот дел од минор-коритото на Крива Река

Интензивно се работи на реализација на проектот за изградба на завршниот дел, четвртата фаза, од минор коритото на Крива Река во должина од околу 470 метри, од спортскиот комплекс во градот до градскиот базен во Крива Паланка.

Проектот е финансиран од средства одобрени од Бирото за регионален развој, 16.000.000 денари.

- Со изградбата ќе се заокружи комплетната проектирана делница на целата должина на минор коритото на Крива Река во централното градско подрачје, од населба Бегови Бавчи до градскиот базен. Изградбата на оваа фаза ќе овозможи подигнување нови зелени површини во кејот, засадување нови декоративни садници и дрвја, што значи уште повеќе зеленило во градот, уредување на вливот на Бабин дол во Крива Река и еден нов и модерен лик на самиот градски кеј, посочуваат од општината.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Цвет компани“, а надзор е МГ Проект.

Третата фаза од коритото беше уредена минатата година, со изградба на пешачки мост, за што беа вложени 11.000.000 денари од Светска Банка и Министерство за животна средина. Вкупно за двете делници од коритото за две години се инвестираат 450.000 евра.

Индија: Се предаде главниот организатор на верскиот настан во кој загинаа 121 лице

Главниот организатор на хиндуистичкиот верски настан во северната индиска држава Утар Прадеш, во кој во стампедо загинаа 121 лице, се предаде на полицијата.

Девпракаш Мадукар беше идентификуван како главен осомничен, а пред да се предаде, полицијата понуди награда од 1.200 долари за информација што ќе доведе до негово апсење, изјави адвокатот на проповедникот Сурај Пал Синг.

Тој рече дека Мадукар бил главниот организатор на настанот на кој присуствувале околу 250.000 луѓе и дека организаторите имале дозвола да соберат само 80.000 луѓе.

притисни ентер