Ристовски: Поголеми пензии, наместо јадење бифтеци и лешници, министрите сами да си плаќаат

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја почна кампањата за парламентарните избори од скопската населба Ченто.

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја почна кампањата за парламентарните избори во скопската населба Ченто од каде повика на гласање за претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на 24 април и гласање за коалицијата у нивната понуда на 8 мај.

По митингот на кој говореше лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски тој одговараше на прашања на присутните за дел од програмата на коалицијата. Ристовски најави зголемување на сите пензии кои се под 25.000 денари.

„Имаме иновативно решение за пензионерите, тие што примаат пензии по пензионерско семејства под 25.000 денари ќе бидат таргетирани како ранлива категорија на неселение, и тука државата ќе мора да реагира со мерки на социјална политика. За тоа има доволно во буџетот. Ќе се замрзнат сите несуштински трошења, сите набавки на бироа, на опрема на автомобили на репрезентации, на јадење бифтеци и лешници по канцеларии, секој министе ќе го плаќа кафето од својот џеб. Државата не треба да жали средства за пензионерите, мора да имаат пристоен и квлитетен живот“, кажа лидерот на ИНТЕГРА.

Тој најави и промена на даночната политика, на прашање на еден од присутните на собирот велејќи дека Владата на оваа држава мора да биде рационална и оринетирана кон луѓето, дека „државата е формирана со наша согласност која треба да ни служи нам“.

„Тоа значи ниски даноци, нашата коалиција која во програмата нуди ниски даноци, намалување на даночните стапки, нуди регресивни стапки за крупниот бизнис, тоа значи колку повеќе заработуваат, стапката ќе се намалува, освен за монопилите или за оние кои можат да загрозат некоја ранлива категорија населние. Ќе има нулта стапка на оданочување за високо интелектуален труд, како што се иновациски и информатички знаења и умеења и вештини кои се ретки на пазарот“, рече Ристовски.

Лидерот на ИНТЕГРА на почетокот на митингот, пред жителите на Ченто укажа дека неговото име не смее да згасне.

„Ние денешната генерација Македонци не смееме меморијата на Ченто да ја згаснеме , таа е во нашата крв. Чист и искрен Македонец, за кој не се тепаат ниту Бугарите ниту Грците зошто знаат дека бил вистински Македонец кој се борел за државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија. Ако денеска би бил жив тој сигурно ви тагувал заради оваа состојба во Македонија, зашто сега е омаловажена, сите ние заедно сме омаловажени и обезвреднети“, рече Ристовски, се наведува во партиското соопштение.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер