Ристовска: Со загриженост го следиме случајот „Рекет“, бараме итно да се разреши

Катица Јанева ден откако и беше одземен мобилниот телефон, не се појави на своето работно место и не беше достапна за да ја објасни својата улога во случајот Рекет. 

Со неа, денеска не се слушнале ниту нејзините колеги од обвинителството, кои дури вчера разбрале и за нејзината намера да поднесе оставка.

Ленче Ристовска, која по подолг период се појави пред јавноста, даде изјава во име на нејзините колеги обвинители и истражителите, со главна порака евентуланите инкриминирачки дејствија на Јанева да не се поврзуваат со целокупната работа на Обвинителството. Обвинителите од СЈО очекуваат и нивната шефица да одговора доколку се утврди нејзина одговорност.

Меѓу обвинителите пристуни на прес-конференциата беше и обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот Империја во кој првоосомничен е Орце Камчев, кој неофицијално е сведокот во истрагата против Боки 13.

Последниот развој на настаните и можнотот инволвирање на Јанева во случајот Рекет, уште синоќа ги разгневи и разочара верните поддржувачи на СЈО. Меѓу нив, и Павле Богоевски, кој пред да стане пратеник беше е ден од поддржувачите на Шарената револуција.

Тимот обвинители на Јанева тврди дека не се доведени во прашање истрагите и предметите влезени во судска постапка и покрај тоа што се утврдува евентуална вмешаност на нивната шефица во друг случај. Загрижени се за случувањата но покрај темелна истрага за случајот со рекетот, очекуваат и договор од политичките лидери околу иднината на обвинителството.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер