Режисерот Дарко Митревски го претстави сценариото за филмот „Аферата Мис Стон“

Режисерот Дарко Митревски и продуцентите Санмин Парк од САД и Роберт Насков од Македонија, денеска во Битола претставија делови од сценариото, идејата и подготовките за снимање на новиот македонски филм „Аферата Мис Стон“.

Во фестивалскиот прес-центар на ИФФК „Браќа Манаки“, режисерот и сценарист Митревски истакна дека идејата за најновиот филм ја „пронашол“ во една американска антикварница каде ја забележал книгата „Пожар во планините“ која биле посветена на Мис Стон и нејзиното грабнување во Македонија, а во бројната американска литература за тој историски настан го избрал и делото на пулицеровката Тереза Карпентер и нејзината книга „Аферата Мис Стон - првата заложничка криза во модерната американска историја“.

- Го открив американското видување на приказната во времиња кога Америка и Македонија биле многу поинакви од денес. Станува збор за време кога тогашниот американски претседател Теодор Рузвелт само што стапил на должност се соочил со проблемот на грабнување на американска жена на Пирин Планина во Македонија. Во филмот ќе бидат презентирани низа историски настани, но тоа што мене најповеќе ме интересира во овој филм, тоа е што осум месеци по нејзиното ослободување Мис Стон станува најголем застапник и поборник на идеите и идеалите на нејзините грабнувачи. Таа ја поддржува нивната идеологија и до крајот на својот живот останува вљубена во Македонија, истакна режисерот Митревски.

Првите филмски кадри за „Аферата Мис Стон“ во американско - македонска копродукција се очекува да бидат снимени кон крајот на месец април, а ќе се снима и во текот на целото идно лето.

Во филмот ќе настапат македонски и американски актери, а главната улога, улогата на Мис Стон ќе ја има американска актерка, беше посочено на денешната прес конференција во Битола. /МИА

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер