Реванш натпревари од третото квалификациско коло за Лига на шампиони

Денеска и утре ќе се играат реванш натпреварите од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, по кои ќе бидат познати сите екипи кои ќе играат во последната бараж рунда, пред групната фаза.

Најголема неизвесност се очекува вечерва во Белград на дуелот меѓу Црвена Ѕвезда и бугарскиот Лудогорец, односно утревечер во Монте Карло каде Монако го пречекува истанбулски Фенербахче.

Комплетните двојки и резултатите постигнати на првите натпревари се:
Вторник
18:30 Карабаг - Викторија Плзен (0:0 прв натпревар),
19:00 Динамо Тбилиси - Динамо Загреб (0:2),
19:00 АПОЕЛ Никозија - Розенборг (1:2),
20:30 Црвена Ѕвезда – Лудогорец (2:2),
21:00 Дандолк - БАТЕ Борисов (0:1),
Среда
19:45 Стеауа Букурешт - Спарта Прага (1:1),
19:45 Копенхаген - Астра Џурџу (1:1),
20:00 Хапоел Бир Шева - Олимпијакос (0:0)
20:15 Јанг Бојс Берн - Шахтјор Донецк (0:2),
20:30 ПAOK Солун - Ајакс (1:1)
20:30 Салзбург - Партизани Тирана (1:0),
20:45 Андерлехт - Ростов (2:2),
20:45 Селтик Глазгов - Локомотив Астана (1:1),
20:45 Легија Варшава - Тренчин (1:0) и
20:45 Монако – Фенербахче (1:2).

Победниците од оваа рунда ќе се пласираат во плејофот, односно коследната елиминациска рунда пред групната фаза. Ждрепката за плејофот ќе се одржи во петок (5 август). /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер