Ретроспектива: 2020 го исти „економски“ желби како и 2019

Вообичаено вечерва сите си посакуваат желби за добро здравје и благосостјба.Ова е веројатно една од малкуте вечери на кои сфаќаме дека не е се во парите.Но, и дека без нив не се може.

Сонцето конечно требаше да не огрее...облаците да се расчистат хороскопот се намести, Меркур излезе од ретроградноста...ѕвездите по долго време ветуваа наклонетост...комбинацијата беше идеална за совршена економија во 2019...

Но, имаше нешто во државата труло во државата Данска нешто што не беше како што треба, нешто што не идеше во прилог.

Овој пат работата беше премногу сериозна, работите едноставно не можеа да се остават туку така, а се си имаше своја причина...па нели ѕвездите ни беанаредени првпат по долги години?

2019 беше и година на шанси, година на оптимизам и нови можности...година во која метлата и на младите им овозможи да ја добијат својата прилика...

Среќа што земјава си има и министер за економија, да ги оправи работите, па не може се да е на плеќите на најмладите...

Во целата ситуација, барем оданочувањето тргна напред, а власта и опозицијата конечно најдоа заеднички јазик...мхм ако се лажеме

Шегата на страна, ако до сега не се согласуваа за ништо, очекувањата беа дека барем за минималната плата ќе се усогласеа...па нели сите сме за народот...

Ама да не се жалиме! Парите конечно почнаа да се враќаат кај народот...па кај се видело владата да го полни семејниот буџет!? Во Германија сигурно не! Кој си скенирал сметки, ќе си се гоштева за празниците.

На некој пак и тоа не му беше доволно, па се жалеа дека економијата е на колена...а емоциите и годинава беа на високо ниво.

Но, не беше се така сиво, и покрај сивата економија...невработеноста продолжи да се намалува до рекордно најниското ниво во историјата на Македонија...

Па со вакво темпо, земјава комотно може да и конкурира на Германија...само они ли ќе крадат работници по белион свет?

За да го спречи одливот на лекари, наставници власта во новава година ќе потроши рекорден буџет од 3,9 милијарди евра...па што е таа бројка на тие услови...знае ли таа Европа дека ние имаме најбогати лидери и партии? Знае ли Брисел дека секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напреднуваме? А знае ли бабата од Делчево колку се 3,9 милијарди евра во денари? За жал повторно нема доволно бројки за да се пресмета во денари...важно годината ја посветивме на економијата...нели....

Во меѓувреме, водоводџиите, струјаџиите, келнерите и шоферите секогаш како опција плус ќе ја имаат Германија.

Накитот на Мет Гала- најскапите парчиња во историјата на балот вредат милиони (ФОТО)

Мет Гала е еден од највозбудливите настани во светот на модата.

Овој бал се одржува секоја година во првата недела од мај и служи за собирање пари за Институтот за костими во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк и е одлична можност за светските производители на накит да ги прикажат своите најскапи парчиња, од кои некои се во вредност од десетици милиони долари.

Во текот на својата историја, многу познати гости на Мет Гала го искористија моментот да се украсат со ексклузивен накит.

Така Џенифер Лопез во 2019 година носеше впечатлив фустан од Версаче со дијамантски накит, избирајќи парчиња од Хари Винстон. Како што објави Harper's Bazaar, нејзиниот накит вреден вкупно 8,8 милиони долари вклучуваше дијамантски ѓердан од 129 карати со виолетов сафир, 120-каратни дијамантски нараквици и големи висечки обетки.

Американскиот модел Џиџи Хадид го спои својот фустан од Прада со дијамантски ѓердан од златарата Jakob & Co. со средишен камен од 54 карати, како и соодветни обетки, пренесува Business Insider.

Според Marie Claire, ланчето од 118 карати вредело 12 милиони долари.

Во 2022 година, Ема Чембрлен предизвика бура од коментари кога носеше ѓердан од компанијата Картие во кој имаше скапоцени камења од ѓердан Патиала вреден 30 милиони долари, објави The Times of India. Овој ѓердан првично бил направен за Махараџа Сер Бупиндер Синг во 1928 година и исчезнал од неговата колекција во 1948 година.

Дијамант од оригиналниот ѓердан се појавил на аукција на Содеба во 1982 година, а Картие подоцна реставрирал уште едно парче пронајдено во антикварница во Лондон во 1998 година.

Актерката Пријанка Чопра Џонас минатата година се појави на балот во црн фустан на Валентино. Деталот кој го привлече вниманието на сите е дијамантскиот ѓердан Bulgari Laguna Blue со централен син дијамант од 11,16 карати. По балот, овој ѓердан е продаден на аукција за 25,19 милиони долари, објави Business Today.

Британската пејачка Дуа Липа дојде на балот во бел фустан на Шанел надополнет со Тифани и Ко. ѓердан. Липа е првата личност која носела ланче од 100 карати Lucida Star во вредност од над 10 милиони долари.

Истата година, ѕвездата од Барбадос, Ријана, пристигна на балот бремена, во фустан на Валентино по нарачка. Својот изглед го комплетира со неколку ланчиња и обетки со цветни мотиви од компанијата Картие. Се проценува дека целиот овој накит вредел повеќе од 25 милиони долари, објави Page Six.

Хаос на аеродромите во Британија: Заглавени илјадници патници поради компјутерска грешка(ВИДЕО)

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка кај граничните служби.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите, пишува Дејли мејл.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците дека ова е национален проблем.

Една патничка изјавила за Дејли Мејл дека чекала во ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Хамас планира да предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои се меѓу 33-те за кои велат дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот.

Во извештајот, во кој се цитираат две лица блиски до преговорите за договорот, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека не се сите живи оние што требаше да бидат ослободени, пишува Њујорк Тајмс.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласиле со помалку од 40-те луѓе што првично ги барале, со разбирање дека сите што требало да бидат ослободени се живи. Хамас синоќа соопшти дека го прифатиле договорот предложен од посредниците. Израел, пак, оцени дека договорот е многу различен од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободат 33 израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но не се знае дека сите се живи. За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени сто и пет цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 од нив беа пронајдени, меѓу кои и тројца кои војниците по грешка ги убиле.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа.

притисни ентер