Ретро е во мода: „Citroen“ претстави ново лого

Францускиот производител е само еден од бројните автомобилски брендови кои го одбележаа влезот во ерата на електрична енергија со промена на нивниот визуелен идентитет.

„Citroen“ го откри својот нов идентитет и лого, што е реинтерпретација на оригиналот од 1919 година. Новото лого ќе дебитира на новиот концепт пред крајот на септември, пред да се појави на идните сериски модели почнувајќи од средината на 2023 година.

Ова е десетта ревизија на логото во 103-годишната историја на „Citroen“ и трета во последните 13 години. Иако е задржан препознатливиот двоен „шеврон“, овалната надворешна форма е отстапување од претходните толкувања и враќање на оригиналот.

Имено, овој дизајн го избра основачот Андре Ситроен во 1919 година, инспириран од неговата металопреработувачка компанија која произведувала запчаници во облик на рибина коска.

Новото лого е комбинирано со свежа и поедноставена палета на бои и модерен фонт за буквите „Citroen“.

Во една од различните варијации, логото е обоено во „Monte Carlo Blue“ нијанса, која ќе се врати и како надворешна боја за идните модели на „Citroen“.

Сепак, „Citroen“ користи и посветла „ Infra-Red" “ за физички, печатени и дигитални апликации, заменувајќи ја црвената боја со потпис на брендот.

Производителот на автомобили се уште не откри детали за претстојниот концепт автомобил што ќе го носи новиот амблем.

Француската компанија го опиша како „важно концептно семејно возило“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер