Рене Зелвегер се враќа во Холивуд: Почна да ми недостига!

Имаше совршена кариера, публиката ја сакаше, а потоа пред 6 години се повлече. Денеска 47 годишната Рене Зелвегер вели дека Холивуд и недостига и наскоро се враќа на големото платно!

- Почна да ми недостога креативниот процес и сега се чувствувам подготвена - вели Рене Зелвегер која публиката најмногу ја познава по филмовите за Бриџит Џонс.

Објаснува дека во 2010 се повлекла бидејќи „правењето на филмови стана пренапорно“ во тој период од нејзиниот живот.

- Тогаш беше така поради начинот на кој го живеев мојот живот, и мислам дека не може да се работи во креативен медиум ако не сте благодарни за можноста да учествувате - изјави Рене во интервју за сепремвриското издание на „American Way for American Airlines“.

Cover girl: Zellweger  graces the magazine's September edition cover in an effortlessly chic, textured mini dress

Изминатите 6 години Рене патуваше по светот и вели дека тоа и помогнало да се запознае себеси подобро. Беше во Камбоџа и во Тајланд, а отпатува и во Либерија со хуманитарната организација за еднаквост меѓу половите „The Great Initiative“.

Таа вели дека е добро да се скршне од зацртаниот пат, како што таа направила пред 6 години кога се редеа понуди за филмови, бидејќи на тој начин „ќе го запознаете подобро светот но и себе си“.

Зелвегер ќе се појави повторно во улога на Бриџит Џонс, во филмот „Бебето на Бриџит Џонс“, заедно со Колин Фирт и Патрик Демпси. Во стилот на Бриџит, нема да знае кој од нив двајца е татко на детето!

Time out: Aside from travelling to Thailand and Cambodia during her time off, she also journeyed to Liberia for The Great Initiative, a gender-equality charity which was created by her friend

Новиот филм на Рене Зелвегер ќе се појави во кино салите на 16 септември.

Two different paths: Her character Bridget Jones is faced with the dilemma of not knowing which one of the men is the father of her unborn child in the latest film, Bridget Jones Baby

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер