Рекреативниот риболов привлечна содржина во туристичката понуда на Охрид

Алтернативните форми туризам зафаќаат се позначаен сегмент од глобалниот туристички пазар.

Светските трендови кога станува збор за туризмот покажуваат дека се помал е бројот туристи кои се решаваат за класичен одмор што подразбира лежалка, плажа и базен, наспроти оние кои сакаат времето одвоено за одмор да го минат исполнето со што поголем број содржини, со реализација на најзразлични активности што би им го направиле одморот поинаков. Охрид како наша најпозната туристичка дестинација иако скромно сепак се обидува да ги следи светските токови и се повеќе во својата понуда вклучува и алтернативни и активни форми на туризам како планинарење, велосипедизам, параглајдерство, нуркање... Како алтернативна форма на туризам последните години се повеќе се наметнува и рекреативното ловење риба на Охридското Езеро.

Охриѓанецот Љупчо Стојкоски – Лепи е страстен риболовец рекреативец, вљубеник во езерото и риболовен водич кој последните три години се обидува и може да се каже успешно го вметнува спортскиот риболов на Охридското Езеро како уште една содржина во насока на збогатување на вкупната туристичка понуда на градот.

Стојкоски своите искуства како риболовец рекреативец од иселеничкиот живот во Германија и Холандија се обидува активно да ги инкорпорира во насока на промоција на рекреативниот риболов на Охридското Езеро како атракција за која има се поголем интерес. Toј на туристите им нуди несекојдневно доживување, можност да ловат риби на прекрасното езеро и да го доживеат Охрид и неговата природна убавина на поинаков начин.
- Се поголем е бројот туристи кои независно дали организирано и индивидуално доаѓаат во Охрид покрај основните работи потребни за престој тука со себе носат и риболовна опрема. Мојата интенција е на сите страсни риболовци, но и аматери да им организирам целодневен излет на езерото, обезбедувајќи им се што е потребно за рибарење, од превоз, риболовен алат и опрема и пристап до најинтересните локации за риболов, независно дали се работи за рибарање од брег или на отворено за што се обезбедува и кајче, изјави Стојкоски.

Странците што ќе решат да ловат риба на Охридското Езеро најчесто се рекреативни рибиловци, вљубеници во природата. Тие во најголем дел уловената риба ја враќаат во езерото, но има и такви кои сакаат дел од уловот да го задржат за себе. За сите организаторот обезбедува риболовна дозвола што покрај риболов им дава за право да задржат дел од уловот и тоа до пет килограми по лице, односно до две парчиња доколку се улови охридска пастрмка. Можеби најинтересно во целата понуда е опцијата после завршениот риболовен излет тие да имаат можност да отидат на некое интересно место, дали излетнички локалитет или ресторан каде би можеле да ја приготват рибата што ја уловиле, по локални рецепти или зависно нивните желби.
Рекреативен риболов на Охридското Езеро пробале голем број гости. Рибиловната тура ја имаат искусено бројни туристи од целиот свет, од Холандија, Германија, Полска, Русија, Чешка, Словачка, Норвешка, Унгарија, Италија, од соседните држави, па и од подалечни дестинации, дури и гости од Кина.

- Зависно од типот риболов за кој ќе се изјаснат, на туристите им се нуди риболов од кајче, од брегот на езерото, но и рибарење во рибници во околината, бидејќи дел од нив сакаат сами да ја уловат рибата што потоа веднаш би им била приготвена за добар ручек. Позитивните коментари за своите импресии од риболовниот излет во Охрид се само потврда дека и оваа содржина заслужува внимание да биде вклопена во вкупната туристичка понуда на градот, вели тој.

Кога се работи за риболов на Охридското Езеро, може да се каже дека како содржина наменета за туристи нуди навистина посебно искуство.
- Ловот на клен од кајче може да се спореди со риболов на отворено море, оттаму што се лови на длабочини од 20 до 30 метри. Прозирноста на езерото, во комбинација со убавото време, пикторесната околина нуди навистина несекојдневно доживување што според оценките и коментарите на самите туристи, претставува активност што не може да се опише со збор, туку само да се доживее, вели Стојкоски.

Што се однесува на интенциите тој вид туризам да биде дел од редовната понуда за гостите кои доаѓаат во Охрид, искуствата покажуваат релативно слаб интерес кај туристичките агенции од градот за такви содржини. Или уште полошо, некакви имровизации и обиди специфичните барања на туристите да ги организираат аматерски и на несериозен начин што може само негативно да се одрази врз вкупната слика што тие ќе ја понесат по заминувањето дома. Стојкоски вели дека хотелите и сместувачките капацитети на охридската ривиера веќе посериозно настапуваат, препознавајќи го потенцијалот и бенефитот од збогатување и проширување на понудата содржини за своите гости.

Моментално Стојкоски се обидува рекреативниот риболов на Охридското Езеро да го инкорпорира во пошироката туристичка понуда на градот Охрид, преку вклучување на рекреативниот риболов како содржина што би била дел од презентациите на градот на туристичките манифестации и саеми, барем преку дистрибуција на рекламен и промотивен материјал.

Сепак, недвојбено е дека најдобар рекламен материјал за секоја услуга што им се нуди на туристите се самите искуства на гостите. Позитивните оценки и коментари на риболовци од Холандија резултираа понудата за организиран рекреативен риболов на Охридското Езеро пред неколку години да биде објавена на страниците на специјализиран магазин за риблолов во Холандија. Веќе за наредната туристичка сезона одреден број туристи од Холандија пред да дојдат на летување во Охрид пројавиле интерес однапред закажувајќи рекреативен риболов на Охридското Езеро./МИА.

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

притисни ентер