Реконструкција на манастирскиот комплекс во Старо Нагоричане

Почна целосната реконструкција на манастирот Свети Ѓорѓија во Старо Нагоричане. Освен фрескоживописот, ќе се уредува и кровната конструкција. Старото училиште ќе биде адаптирано во музеј, а ќе се направи и плоштад.

Старата кровна конструкција на црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане ќе биде заменета со нова, а фрескоживописот конзервиран и заштитен од лошите временски услови. Проектот за конзервација, ревитализација и реставрација предвидува и уредување на старото училиште адаптирано во музеј, обнова на стара чешма со селски плоштад и испосницата на светецот Прохор Пчински.

- Една црква со уникатен фрескоживопис. Можеме да се согласиме дека претставува едно светско културно наследство. Со целосната реставрација, конзервација и ревитализација на целиот проект мислам дека од огромно значење ќе биде оваа црква во рамките на една туристичка промоција и на Македонија и на Куманово, изјави Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.

Монументалната градба е заштитена од УНЕСКО. Поради непроценливата вредност на фреските петте рима работат на истражување, а потоа ќе пристапат на конзервација со што ќе бидат автентично сочувани.

- Тоа се археолошки истражувања периметрално околу црквата и следат конзерваторски истражувања на архитектурата на црквата, на надгробните споменици. А во моментот е стручниот тим кој ги извршува потребните конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство, изјави Цветанка Хаџи-Пецова, раководител на проектот од Националниот конзерваторски центар.

Во текот на теренската работа, групата археолози открија дел од ѕид од стар објект за кој претпоставуваат дека е од византискиот период и некрополи од гробници.

- Постигнавме и еден договор да се овие археолошки истражувања продолжат. Да се востанови евентуалниот култен карактер да се види дали тоа е најстара црква на ова место, изјави Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство.

1,4 милион евра од европските фондови и Министерството за култура се инвестирани за обнова на црквата и целиот комплекс за која се очекува да заврши до следната година.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

притисни ентер