Реката што тече низ Валенсија никогаш не изгледала пострашно, до завчера била пресушена (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појави видео од поројот од Валенсија, кој беше предизвикан од силното невреме на 29 октомври и остави немерливи последици, но и големи човечки загуби.

Имено, на видеото се гледа како огромно количество вода полека го зафаќа коритото во реката Паипорта, кое очигледно до тој момент било пресушено. Поројот се нашол меѓу два станбени блока, а видеото најверојатно е снимено од еден од становите.

Во коментар еден корисник објаснува дека оваа трагична ситуација, во која животот го загубија повеќе од 150 луѓе, се случила затоа што коритото на реката било претворено во парк. Поради ова, текот на реката бил променет.

Но, бидејќи реката не можела да прими огромно количество вода (наврнале 490 литри дожд на метар квадратен), го пробила ѕидот што служел за заградување на паркот и на тој начин ги пренасочиле врнежите што дошле.

Други корисници се осврнаа на проблемот со чистење на коритото на реката. Наводно, коритот било полно со трева и разни отпадоци, што го оневозможувало нормалното течење на водата.

Валенсија, инаку познат како сончев град со голем број летни и пролетни денови, има проблем со обилните врнежи бидејќи земјата е сува и не може да прими големо количество вода одеднаш. Познато е дека во изминатиот период времето во Шпанија, но и во Валенсија беше исклучително топло без врнежи, што придонесе за сушење на почвата.

Многу жители, погодени од поплавите, побараа засолниште на различни места, а познат шведски синџир на продавници им ги отвори вратите во својата продавница и им подари оброци и топла облека.

Прв пат во историјата на Нов Зеланд, полицајка загина на должност

Возач на автомобил нападнал полициска патрола во Нов Зеланд, со што првпат во историјата на земјата е убиена полицајка при вршење на должност.

32-годишниот осомничен е уапсен, а во инцидентот две лица се повредени, пишува АП.

Нападот ја потресе земја во која ретко се случуваат убиства на полицајци за време на својата должност. Постариот наредник Лин Флеминг стана првата полицајка во историјата на Нов Зеланд која умрела како жртва на кривично дело додека била на должност, соопшти денеска новозеландската полиција.

Во вчерашниот напад, возило со голема брзина удрило во полицајците додека тие вршеле рутинска патрола на паркинг, а потоа возачот извртел и удрил во полициското возило, изјави полицискиот комесар Ричард Чемберс за новинарите во градот Нелсон на Јужниот остров. Флеминг починала во локалната болница неколку часа подоцна.

Во инцидентот повредени се и двајца случајни минувачи.

Полицијата уапсила 32-годишен маж осомничен за повеќе кривични дела, вклучувајќи убиство и обид за убиство.

Пред средата, последното убиство на полицаец на должност во Нов Зеланд се случило во 2020 година, кога полицаец бил застрелан од возач кој удри и побегна. Според полициските записи, од 1890 година, 33 полицајци загинале како жртви на злосторства додека биле на должност.

Флеминг била полицаец 38 години и долгогодишен нетбол тренер во локалното женско училиште. „Таа беше мајка, сопруга и добро познат, високо почитуван член на заедницата на Нелсон“, рече Чемберс.

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2024. биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, бидејќи земјата ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила учествувале со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV). „Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на ОФВ. Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82 проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има за цел сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, 10 години пред целта на Европската унија, чија членка не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш тие експлодираа благодарение на различните стимулации.

Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни наспроти високо оданочените автомобили со внатрешно согорување. Тие исто така се ослободени од патарина, имаат бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеле да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации биле постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие. Tesla е водечка компанија за електрични автомобили во Норвешка со 19 проценти од пазарот, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

притисни ентер