Регистрирани 115 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

По двонеделно лекување почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.. Лекарот од Тетово, кој бил само на неколку месеци до пензионирање е првиот здравствен работник кој почина од корона вирусот..

Нови 115 потврдени случаи од 1032 тестирани во последното деноноќие. Заразата најмногу се шири во Скопје, па речиси половина – 53 случаи, се регистрирани во метрополата. Во Струга во последните 24 часа има 13, а во Тетово 8 новодијагностицирани.

Во дневниот корона биланс впишани се 40 оздравени пациенти. Но, болничките кревети како се празнат, така одново се полнат, па во Инфективната клиника има 88 пациенти, повеќе од половина од нив, 54 пациенти, се на кислородна поддршка.

Во „8 Септември“, првиот ковид центар во земјава, сега, згрижува 123 пациенти позитивни на Ковид, а петмина од нив се борат за живот, приклучени на респиратор.

Најмладиот пациент заразен со коронавирусот е бебе старо само дваесет дена. Девојчето заедно со својата мајка е сместено во вториот ковид-центар, Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Освен бебето, во болницата „Козле“ хоспитализирани се уште 4 деца со своите мајки, сите позитивни на КОВИД 19, а во овој ковид-центар, се лекуваат и 26 возрасни, од нив двајца се на кислородна поддршка.

КОВИД 19 не ги обиколува лекарите, па заразата се шири и помеѓу нив. Вирусот ја зеде и првата жртва од здравстените работници. Од компликации од коронавирус во болницата „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Деари, уролог од Тетово, кој 15 дена лежел во болница, првично поради невролошки проблеми, но бил и позитивен на ковид-19, потврди министерот Филипче.

Вирусот во последното деноноќие зеде уште 7 жртви, па сега црниот биланс е 341.

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови, објави „Комерсант“.

Американски државјанин е во 10-дневен притвор што го одреди рускиот суд поради тоа што кажал непристојни зборови при полициски претрес во неговиот стан, објави денеска весникот „Комерсант“.

Обвинителите соопштија дека американскиот државјанин е 36-годишниот Анџело Џозеф Таларико. Тој на англиски јазик ги пцуел полицајците кои пристигнале во станот на неговата сопруга во Москва за да го претресат како дел од истрагата за кражба на биткоини во регионот Мурманск, објави „Комерсант“.

Во полицискиот извештај се вели дека Американецот, кој се преселил во Русија од Лос Анџелес, им викал на полицајците и употребил два различни збора „чија смисла тие ја разбрале“, пишува весникот.

Американецот негирал дека сторил административен прекршок за ситно хулиганство и употреба на непристојни зборови на јавно место. Тој беше приведен во Москва, судот го прогласи за виновен и му одреди 10-дневен притвор, додава „Комерсант“.

Адвокатот на Американецот ги отфрли обвинувањата дека неговиот клиент пцуе и посочи дека тој и неговата сопруга биле во кујната на станот за време на претресот.

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.

Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат.

Бесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУ

Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104') во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). 

Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Како што информира Филозофското друштво на Македонија, поголемиот дел од Придружната програма на Фестивалот е посветен токму на Маја Дерен, авангардна американска режисерка, чијшто уметнички ангажман придонесува кон етаблирањето на експерименталниот филм како легитимна уметничка форма.

Во рамки на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи. Воведно излагање за филмот ќе има македонската уметница и селекторката на програмата за видео есеи на Фестивалот, м-р Ивана Мирчевска.

Филмот е инспириран од оглас објавен во рамките на киноархивот „Антологија“ (Anthology Film Archives) од страна на Јонас Мекас за систематизирање на депонираните филмски материјали на Маја Дерен, а режисерката Мартина Кудлачек одлучува да се впушти во документаристичко истражување на повеќеслојното филмско наследство на Маја Дерен.

- Документарниот филм ја исцртува биографската територија на Маја Дерен преку интервјуа со блиски познаници и соработници, воедно и важни актери во поствоената американска уметничка сцена. Покрај инсерти од филмовите на Маја Дерен, филмот вклучува архивски материјали од нејзините предавања, работилници, материјали од етнографските истражувања на Хаити и практиките на вуду, преку кои го доближуваат контекстот, филмската филозофија и метод на пионерката на авангардниот филм, се вели во соопштението.

притисни ентер