Реал повтори клупски анти-рекорд во последните пет сезони

 Реал Мадрид синоќа во натпреварот од 19. коло од шпанското фудбалско првенство против Атлетик, го претрпе петтиот пораз во сезоната 2024/25.

„Кралевите“ во Билбао го повторија клупскиот анти-рекорд во последните пет сезони по бројот на порази во првата полусезона. Претходно Реал Мадрид доживеа пет порази во сезоната 2020/21.

Тренерот Карло Анчелоти смета дека мали детали го решија победникот.

-Кога изедначивме, ќе помисливте дека ја имаме ситуацијата под контрола, но малите детали не чинеа скапо денес. Го промашивме пеналот... Очигледно Мбапе е вознемирен, разочаран, но мора да продолжиме, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид по 15 кола во Ла Лига е на второто место во поредокот со 33 бода. Заостатокот од водечката Барселона е четири бода.

АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година

Дури 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5% во истиот период минатата година.

Во 2024 година кај нас како и во минатите години, граѓаните онлајн најмногу купувале облека, вклучително и спортска облека, чевли или додатоци како чанти и накит, соопшти Асоцијацијата за е - трговија на Македонија која ги анализираше податоците објавени од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година, според кои се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени.

Дури 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5% во истиот период минатата година.

Како што објави АЕТСМ, 90.2% од домаќинствата имале интернет пристап наспроти 88% во истиот период минатата година, додека 91.2% од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет наспроти 85.3% во истиот период минатата година (Државен завод за статистика, 2024). При тоа, 92.2% од мажите користеле интернет наспроти 90.2% од жените во истиот период. 76.4% од Македонците користеле интернет неколку пати во текот на денот, и тоа 78.3% од мажите и 74.6% од жените.

Македонците, како што се посочува, интернетот најмногу го користат за зборување, социјални мрежи и праќање инстант пораки. Дури 94.6% од нив го користат интернетот за телефонирање преку интернет/видеo повици (преку webcam; употреба на апликации, на пример, Skype, Facetime) наспроти 89.2% минатата година. 87.6% од Македонците користеле инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Messenger, WhatsApp, Viber наспроти 75.2% минатата година. Учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или друго на Фејсбук, Инстаграм, Твитер/X итн.) имале 84.2% од интернет корисниците спрема 76.9% минатата година. Забележано е и зголемување на користењето на интернетот за скоро сите активности. Намалување на користењето на интернетот има за информации поврзани со здравјето (повреда, болести, исхрана, подобрување на здравјето итн.), кое е намалено на 55.5% од интернет корисниците во 2024 година, споредено со од 67.7% минатата година. Од друга страна пак, 53.2% од интернет корисниците праќале/примале електронска пошта (e-mail) наспроти 44% од интернет корисниците минатата година, 72.5% барале информации за производи/услуги наспроти 54.2% минатата година, а особено значајно е дека 13.7% од интернет корисниците учествувале во продажба на производи или услуги, преку аукции како што е на пр. eBay.com наспроти само 6.8% кои учествувале минатата година. Дополнително, забележано е зголемување користењето на интернет банкарство од 40% од Македонците, наспроти 32.8% минатата година.

Во однос на полот, жените повеќе сакаат да зборуваат и да праќаат инстант пораки, но и да бараат информации за производи и услуги поврзани со здравјето, додека мажите повеќе ги користат социјални мрежи, повеќе продаваат производи или услуги онлајн, на пр., преку аукции: eBay и повеќе практикуваат интернет банкарство.

-Најновите податоци на Државниот завод за статистика ни покажуваат дека Македонците се повеќе го користат интернетот, но она што е важно дека е зголемено користењето на интернетот за праќање на е-пошта, за барање информациии за производи и услуги, и најважно, за онлајн продавање на производи и за интернет банкарство. Она што најмногу нѐ интересира е онлајн купувањето кое забележува пораст од 10 процентни поена, како и зголеменото купување на повеќе категории на производи. Зголемената понуда на атрактивни промоции и појавата на нови играчи на пазарот го раздвижува онлајн пазарот и се повеќе интернет корисници го користат интернетот за онлајн купување, истакна претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков.

Новоизбраните судии на Апелациониот суд Гостивар, Хамзаи и Азари дадоа свечена изјава

 Во просториите на Судскиот совет на Република Македонија, новоизбраните судии на Апелациониот суд Гостивар, Јетмир Хамзаи и Абдула Азари, денеска дадоа свечена изјава.

Пред заменик претседателот и членовите на Судскиот совет, судиите ја потврдија својата посветеност кон правдата и законитоста во својата нова улога.

Хамзаи и Азари беа избрани на оваа позиција на 504-та седница на Судскиот совет на Република Македонија, одржана на 6 ноември 2024 година. Хамзаи беше прворангиран на кандидатската листа, а веднаш зад него, како второрангиран беше Азари. Двајцата добија потребното мнозинство гласови од Судскиот совет, со 13 гласа „за“.

Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани

Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет.

„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан Џез под ламба. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.

Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање на вакви слични културни настани во кои се оддава признание на македонската музика.

притисни ентер