Реал Мадрид ги разгледува Кимих и Родри како замена за Крос

 Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри.

Мадриѓаните ги разгледуваат Германецот и Шпанецот како замена за Тони Крос, кој ќе се пензионира по Евро 2024 година.

Договорот на Кимих е со важност до јуни 2025 година, Баерн бара 60-70 милиони евра за 29-годишниот германски репрезентативец. Има информации дека за Кимих е заинтересирана и Барселона.

Договорот на Родри со Сити истекува во 2027 година.

Хаос меѓу навивачите на Англија и Србија во Гелзенкирхен

Се вжештува атмосфетата во Гелзенкирхен пред дуелот на ЕУРО 2024 меѓу Англија и Србија

Гелзенкирхен се полни со навивачи, голем број Англичани и Срби се во тој град пред натпреварот на двете репрезентации на Европското првенство, а последните информации говорат дека настанал хаос.

Според видеата на социјалните мрежи, група навивачи на Англија ги нападнале Србите во близина на главниот плоштад во Гелзенкирхен.

Во жесток конфликт летале шишиња, столови и маси.

Инцидентот во Хамбург не е поврзан со ЕВРО2024, тврди полицијата

Полицијата во Хамбург застрела попладнево маж вооружен со секира и молотов коктел во близина на фан зоната во Сент Паули, но овој инцидент не е поврзан со Европското фудбалско првенство во Германија.

Полицијата го застрелала мажот во ногата, по што тој бил онеспособен и пренесен во болница.

Германските медиуми објавија дека мажот излегол од кафеана, а во рацете имал секира, како и молотов коктел.

„Напаѓачот е ранет и укажана му е лекарска помош“, соопштија од полицијата.

Инцидентот се случил недалеку од областа низ која минувала армијата од околу 40.000 холандски навивачи, пред дуелот со Полска.

„Инцидентот се случил откако навивачите поминале, а според нашите сознанија не е поврзан со фудбалот“, додаде локалната полиција.

ЕВРО2024: Победнички старт на Холандија

 Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство.

Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута.

Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута.

Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија.

притисни ентер