Реал и Севилја во дуел за европскиот Супер куп

Шпанските екипи Реал Мадрид и Севилја вечерва во норвешкиот град Трондхајм, ќе го играат натпреварот во УЕФА Супер купот.

Реал како актуелен европски шампион и Севилја која изминатите три сезони доминира во Лига Европа, вечерва по втор пат ќе се сретнат во дуелот за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.

Реал Мадрид се соочува со проблеми во пресрет на овој меч, бидејќи поради повреди Зинедин Зидан не ќе може да смета на Кристијано Роналдо и голманот Кејлор Навас, додека продолжен одмор поради настапот на ЕУРО 2016 добија Герет Бејл, Тони Крос и Пепе.

Единствената добра вест во случајов е тоа што Карим Бензема е подготвен да заигра, а нему најверојатно друштво во нападот ќе му прави Алваро Мората, кој летово се врати во редовите на „Кралевите“.

За Севилја ова ќе биде трето во низа учество во Супер купот. Во 2014 година во Кардиф, Севилја загуби од Реал со 2-0 со головите кои ги постигна Роналдо. Една година подоцна играше и против Барселона од која беше поразена на дуелот во Тбилиси со 5-4 по продолженијата. Севилја и во 2007 година остана без овој трофеј откако загуби од Милан со 3-1 на натпреварот одигран во Монако.

Сепак андалузиската екипа се надева дека ќе може да го повтори успехот од 2006 година кога ја победи Барселона со 3-0 и го освои досега единствениот трофеј во Супер купот.

Натпреварот Реал – Севилја ќе започна во терминот од 20 часот и 45 минути.

Потсетување дека домаќин на следниот дуел од УЕФА Супер купот во 2017 година ќе биде Скопје, односно Националната Арена „Филип Втори Македонски“. /МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер