Екипи на терен веќе почнаа со поставување на сцената, на која на 31-декември ќе настапат познати македонски поп, рок и етно музичари.
Дел од граѓаните со кои разговаравме, се завоволни од програмата на градскиот плоштад. Дел од нив ќе дојдат на прославата, дел ќе останат во домашен амбиент или некаде во домашните туристички места.
Од Здравствен дом - Скопје апелираа, особено до помладите, да внимаваат на консумирањето на алкохол и употребата на пиротехнички средства, а хронично болните да се придржуваат до терапијата.
Од таму информираа дека на новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена - Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров , Драчево и Бит Пазар. Овие поликники ќе работат и во неделите и во празничните денови.