Расте бројот на ХИВ позитивни пациенти, а буџетот за превенција и лекување се намалува

Секоја година скоро по четириесеттина луѓе се позитивни на вирусот ХИВ.

Секоја година скоро по четириесеттина луѓе се позитивни на вирусот ХИВ. 440 луѓе со вирусот ХИВ се на терапија, која се дава на клиниката за инфективна клиника. Од здружението за поддршка на луѓето со ХИВ заедно посилни со реакција дека повеќе годишните заложби за превенција од пренесување на вирусот, подобрување на здравствената состојба кај луѓето со ХИВ ќе немаат успех,бидејќи со новиот буџет ќе добјат само 90 милиони денари, уште помала сума од претходната година од 131 милиони денари. Буџетот за програмата за ХИВ изнесувал 95 милиони денари во 2018 година, кога се лекувале околу 200 пациенти со ХИВ, а сега истиот се предвидува да биде понизок во 2025 година, кога се очекува бројот на пациенти да надмине 500 лица.

„Кога луѓето почнуваат со терапија, таа го поттиснува вирусот и тој понатаму не може да се пренесе на други лица, ниту преку сексуални односи, а ниту од мајка на дете. Не случајно ние само во изминатите неколку години има 14 дечиња родени од родители од кои едниот од нив, без разлика дали мајката или таткото, биле ХИВ позитивни. Нас како земја, треба стратегија да ни биде што повеќе недијагностицирани лица со ХИВ да откриеме и тие да ги ставиме на терапија. Тогаш, практично на тој начин ја решаваме оваа епидемија и ставаме крај“ изјави Андреј Сених, Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ – „Заедно посилни“.

Од здружението велат дека реагирале и со состаноци ни и писмено до министерстрите за здравство и за финансии. Доколку остане на ова ниво на финасирање, тогаш многу превентивни програми ќе се укинат. Како што се мобилната гинеколошка амбуланта и два младински центри на Водно и во Шуто Оризари преку кои лани биле опфатени 1.650 луѓе. Според здружението она што било постигнато со контрола на епидемијата ќе биде изгубено, а штетите и трошоците за лекување и созадавање на социјални категории ќе се зголемат. Во светски рамки стратегијата за ХИВ е: Со превенција и со навремено детектирање на ХИВ позитивни кои ќе бидат ставени на медицинска терапија до 2030 година оваа епидемија да биде ставена под контрола.

Момче се разбудило на сопственото кремирање, итно го вратиле во болница- казнети тројца лекари

Индиецот Рохиташ Кумар (25), кој бил прогласен за мртов, се разбудил на сопствената кремација, непосредно пред да биде кремиран, бидејќи лекарот не извршил обдукција.

Кумар, кој имал оштетен слух и говор, бил донесен во болница откако доживеал епилептичен напад.

Лекарот констатирал смрт, но наместо да се изврши обдукција, телото било однесено право во мртовечница, а потоа ставено за кремирање, според хиндуистичките обичаи.

Началникот на болницата рече дека лекарот го изготвил обдукцискиот извештај без реално да ја изврши обдукцијата.

Телото било испратено на кремирање, но непосредно пред да биде запалено, Кумар почнал да дише, пишува Euronews.

Веднаш бил вратен во болница, но подоцна починал. Тројца лекари се отпуштени, а полицијата започнала истрага.

Италија воведува многу построги казни за сообраќајни прекршоци- 1.000 евра за користење мобилен

Италија ги заостри казните за сообраќајни прекршоци за да ги направи патиштата побезбедни.

Италијанскиот Сенат донесе реформа на регулативата за патниот сообраќај, која покрај повисоките казни предвидува и други новини. Се очекува промената да стапи на сила во декември.

Драстично ќе се зголемат казните за сообраќајни прекршоци како брзо возење и користење мобилни телефони и возење под дејство на алкохол и дрога, пренесува Дневник.хр.

Казната за оние кои возат и користат телефон ќе се движи од минимум 250 до максимални 1000 евра. Во случај на повторување, казната се зголемува на 1.400 евра, одземање на возачката може да достигне три месеци, а се одземаат и од 8 до 10 бода. Времето во кое на возачот му е забрането да вози се дуплира доколку употребата на мобилен телефон предизвика сообраќајна незгода.

Италија има нулта толеранција на алкохол додека возите. За рецидивистите е објавена веста: доколку алкохолот во крвта е меѓу 0,5 и 0,8 грама на литар, казната е од 573 до 2170 евра, со одземање на возачката дозвола од 3 до 6 месеци. Доколку нивото на алкохол во крвта е меѓу 0,8 и 1,5 грама на литар, казната е затвор до 6 месеци и парично од 800 до 3200 евра како и одземање на возачката од 6 месеци до една година.

Доколку нивото на алкохол во крвта е поголемо од 1,5 грама на литар, за прекршокот е предвидена затворска казна од 6 месеци до една година и парична од 1.500 до 6.000 евра и со одземање на возачката дозвола од една до две години.

Меѓу казните е и обврската да се вгради брава за алкохол во автомобилот, уред кој го спречува палењето на моторот доколку се утврди нивото на алкохол во крвта. Оние кои ќе бидат позитивни на дрога и ќе бидат фатени како возат, ќе бидат казнети со одземање на возачката дозвола и забрана за возење на три години.

Според новите правила, предвидена е казна од 173 до 694 евра за секој кој максималната брзина ќе ја надмине за повеќе од 10 км/ч, не повеќе од 40 км/ч. Доколку прекршокот е сторен во градско подрачје, а најмалку двапати во текот на годината, глобата се зголемува на 220 и 880 евра со одземање на дозволата од петнаесет до триесет дена.

Погребална фирма во САД осквернавела 190 тела, на семејствата им давале цемент наместо пепел

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура.

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура, а на семејствата на починатите им бил даден сув цемент во урните наместо пепел.

Според договорот за признавање на вината меѓу обвинетите и обвинителите, се очекува Џон Халфорд да биде осуден на 20 години затвор, а Кери Халфорд од 15 до 20 години затвор, пренесува АП.

Во спогодбата, семејството Халфорд се согласило да им плати реституција на семејствата, чиј износ ќе биде одреден подоцна, а обвиненијата за кражба, фалсификување и перење пари ќе бидат отфрлени според договорот.

Од 2019 година, тие чуваат трупови во трошна зграда во близина на Колорадо Спрингс и им даваат на семејствата на починатите сува бетонска маса наместо кремирани останки, објави АП.

Со текот на годините, семејството Халфорд потрошило пари од клиентите и речиси 900.000 долари за време на пандемијата на коронавирус на луксузни предмети, како што се скапи автомобили, патувања во Лас Вегас и Флорида. Според судските документи, тие инвестирале повеќе од 30.000 долари во криптовалути и други луксузни предмети.

Минатиот месец, сопружниците се изјаснија за виновни за обвиненијата за измама и се соочуваат со повеќе од 200 обвиненија, вклучувајќи злоупотреба на трупови, кражба, фалсификување и перење пари.

Телата, за кои обвинителите тврдат дека биле несоодветно складирани, биле откриени минатата година кога соседите пријавиле непријатен мирис од зграда во градот во близина на Колорадо Спрингс.

Откритието предизвикало законски промени, бидејќи прописите на Колорадо за погребните услуги претходно биле меѓу најслабите во земјата, соопшти агенцијата.

Оваа година пратениците ги заостриле регулативите, воведувајќи задолжителни инспекции и барања за обука за вработените во погребалните претпријатија.

притисни ентер