Распродаден е Бугати Мистрал, чинеше над 5 милиони евра (ФОТО)

Bugatti Mistral е последниот модел на Bugatti придвижуван исклучиво од W16 мотор.

Bugatti Mistral е првиот претставен модел по формирањето на Bugatti-Rimac, но и веројатно последниот модел со W16 мотор, барем без електрична поддршка. Станува збор за еден од најскапите модели на Бугати, бидејќи неговата цена е поставена на пет милиони евра.

Bugatti Mistral неодамна ја посети Јапонија, а сега се врати на своите корени на својата светска турнеја. Тоа е во нејзината татковина, на југот на Франција. И додека некој среќник вози по прекрасните кривулести патишта на Азурниот брег, Bugatti нѐ потсетува како овој автомобил го добил името по ветрот од таа област.

Мистрал е еден од осумте ветрови карактеристични за Медитеранот. Притоа, не треба да се поврзува со мистралот, бидејќи ова е силен ветер кој дува од северозападен правец, сув и студен и наеднаш го менува правецот и брзината.

Мистралот на Бугати очигледно завршил одлична работа. Имено, до неодамна се нудеше овој модел. И сега Bugatti информира дека сите 99 примероци се продадени.

Производството на првите примероци ќе започне оваа година, а наскоро ќе започнат и првите испораки на родстерот способен да забрзува до 420 km/h.

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

притисни ентер