Ракометарите на Вардар против Барселона за уште едно финале на Фајнл форот во Келн

Македонскиот ракометен шампион Вардар по трет пат во низа е дел од Фајнл фор турнирот во Келн и борбата за титулата во Лигата на шампионите.

Вардарци и покрај финаниските проблеми и многуте заминување и промени во тимот во текот на турбулентната сезона сепак собраа сили и уште еднаш ја израдуваа спортската јавност во Македонија со пласман на завршницата од шампионската лига.

По историската 2017 година кога Вардар стигна до титулата во Лигата на шампионите, црвено црните трета година во континуитет се дел од најдобрите четири екипи во Европа.

Ждрепката сакаше во полуфиналето Столе и другарите да го добијат повторно фаворитот за трофејот Барселона, идентично како и пред две сезони. Но, ниту тогаш ниту сега ракометарите на Вардар не се предаваат туку порачуваат дека со поддршка од македонската фаланга од трибините повторно ќе се обидат да го изненадат големиот противник, кој сезонава ги доби двете средби во групната фаза.

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов вели дека самиот пласман во Келн е голем успех и дека во Келн се дојдени да се надигруваат и да се обидат повторно да се искачат на кровот на Европа.

Полуфиналето Вардар – Барселона во Келн се игра од 18 часот за првиот финалист од 15 и 15 часот ќе одлучува полуфиналната пресметка меѓу Веспрем и Кјелце.

Финалето се игра во недела.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска- Давкова 67,87%, Пендаровски 27,61%

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова освоила 46.037 гласови или 67,87 % од гласовите.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски освоил 18.730 гласа или 27,61 % од гласовите.

Мицевски: Граѓаните се одлучија за промени

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека граѓаните се одлучија за промени.

Мицевски изјави дека е постигнат цензусот за избор на претседател.

Денеска Македонија се обедини , рече Мицевски, а политичките субјекти кои повикуваа на бојкот не успеаја. ДУИ е двоен губитник на овие избори.

притисни ентер