Ракел Велч: Најдобро бикини тело на сите времиња“ (фото)

Преубавата актерка ја доби титулата “најубаво бикини тело на сите времиња“.

Ракел Велч (75) мамеше воздишки со својата улога во филмот „One Milion Years B.C.” во кој во 1966 година го покажа своето извајано тело во крзнено бикини.

Според мислењето на 2.000 жени кои учествувале во анкетата на компанијата „Swimwear 365”, Велч се нашла на првото место на листата на 50 најубави тела во бикини, а во самиот врв ја пратат Урсула Андерс и Мерилин Монро.

Велч смета дека жените треба да ги прифатат своите години, наместо да ги сокриваат.

„Секоја од нив е ново поглавје во животот“ – изјави убавата актерка во едно интервју.

Таа изјави дека вежба шест дена во неделата и се труди да јаде здраво.

Сепак, смета дека нејзиниот изглед е само мал дел од нејзиниот живот.

Дури објави и книга под насловот „Ракел: Зад деколтето“.

„Мува“ е прекарот на нарко босот, поради кого е нападнат полициски конвој во Франција (ВИДЕО)

Затвореникот Мохамед А., познат како „Мува“, наводно побегнал откако вооружена група нападнала полициски конвој во Франција.

Во нападот загинаа најмалку двајца затворски чувари.

Мохамед (30) бил осуден за тешка кражба, а претходно бил обвинет и за обид за убиство, јавуваат француските медиуми.

Полициски извори наведуваат дека тој бил шеф на наркомафија.

Според првите информации, „Мува“ избегала со четворица напаѓачи со „ауди“ кое полицијата го пронашла запалено на неколку километри подалеку.

Нападот се случил додека „Мува“ во конвој бил вратен во затвор од Обвинителството каде бил на распит.

Најмалку осуммина загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Флорида (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествувал автобус.

Несреќата се случила во округот Мерион во 6:30 часот по локално време, објави Њујорк Пост.

Портпаролот на полицијата соопштила дека во моментот на несреќата во автобусот имало мигранти кои работеле на фарма со лубеници.

Двојно убиство во Стајковци: 70- годишен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

притисни ентер