Рафаел Надал и Карлос Алкараз се елиминирани од Олимписките игри

Шпанските двојки во состав Рафаел Надал и Карлос Алкараз беа елиминирани од Олимписките игри кога во четвртфиналето беа поразени од американската двојка Остин Крајичек и Ражив Рам со 2:0.

Надал и Алкараз на стартот од мечот го загубија својот сервис веќе во првиот гем, за водство на Краичек и Рам од 1-0. Во вториот гем, Надал и Алкараз не успеаја да се вратат, губејќи го натпреварот со 0-40, а Американците поведоа со 2-0. Во продолжение шпанскиот двоец успеа да го освои својот сервис и да намали на 2-1. Сепак, во следниот гем повторно го губат сервисот по долга борба и неколку изедначени, па Крајичек и Рам водат со 4-2. На крајот, Надал и Алкараз губат уште еден сервис гем, со што Американците победија со 6-2.

Во вториот сет Надал и Алкараз успеаја да го добијат првиот гем поведувајќи со 1-0. Сепак, Крајичек и Рам брзо одговорија, а потоа го вратија резултатот на 4-3, откако без загубен поен успеаја да го добијат гемот на сервис на Надал и Алкараз.

Се чинеше дека се е готово, но по 5:4 за Американците шпанското дуо дојде до 40:15, а потоа и до брејк за ново изедначување и драма во вториот сет.

Видео: Бред Пит падна на снимање

Познатиот актер на Холивуд, Бред Пит престојува во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1, а во оваа продукција ја толкува една од главните улоги, Сони Хејс.

На социјалните мрежи се појавија снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во болидот „APX GP“, по што излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа му помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

Извор: Аваз

Џенерал Моторс влегува со свој тим во Формула 1

Формула 1 и Џенерал Моторс (ЏМ) постигнаа денеска начелен договор за влез на ЏМ/Кадилак како 11. тим во светскиот шампионат во Формула 1 од 2026 година.

„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Од своја страна, првиот човек на ЏМ, Марк Ројс, рече дека влезот во Формула 1 е чест за Џенерал Моторс.

„Како врв на мотоспортот, Формула 1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија, а ние сме посветени да се натпреваруваме со голема страст“, рече Ројс.

Тимот треба да го носи името Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека GM не добие мотор на Кадилак конструиран за натпреварување, почнувајќи од сезоната 2028 година./МИА

Медиуми: Договорот за прекин на огнот во Либан не предвидува зона на раздвојување

Израелскиот ТВ Канал 12 вечерва ги објави клучните елементи од предложениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и либански Хезболах со посредство на САД за запирање на израелската војна во Либан.

Како што е наведено, остануваат да се финализираат само мали детали.

Договорот предвидува меѓусебен прекин на огнот и израелската армија да остане во Либан до 60 дена, а да замине кога ќе биде распоредена либанската армија.

Нема да има зона на раздвојување во јужен Либан и раселените жители од тој дел од земјата ќе можат да се вратат.

Владата во Либан ќе ги провери сите набавки и производство на оружје во нејзината земја, а САД ќе предводат меѓународно тело кое ќе го надгледува спроведувањето на договорот.

Во посебен документ, САД јасно ќе соопштат дека Израел има право да дејствува секогаш кога ќе види непосредна закана од Либан.

Канал 12 објави дека имало речиси едногласна поддршка за договорот од политичари и воени претставници синоќа на безбедносните консултации со кои претседаваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

На состанокот, Нетанјаху, наводно, рекол дека договорот ќе го остави Хамас изолиран и ќе ги зголеми шансите за постигнување договор за ослободување на заложниците кои се уште се во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер