Радев го одбележа „Денот на бугарската армија“ во Ново Село

Во Ново Село, Струмичко, беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската армија“

Со високи воени почести, интонирање на химните на Македонија и Бугарија, положување венци и свежо цвеќе пред споменикот на загинатите војници закопани на бугарските гробишта во Ново Село, Струмичко, беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската армија“. На чествувањето присуствуваШЕ бугарскиот претседател, Румен Радев, европратеникот Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски. Претседателот на Бугарија Радев положи венец пред споменикот во гробиштата и порача дека најсилниот сигнал е зближувањето меѓу двете земји.

– Добрите традиции на современа Европа налагаат државите кои дури и војувале една против друга заедно да ги почитуваат своите мртви, притоа испраќајќи порака за помирување и единство. Радосно е тоа што овој цивилизациски дух зазема се повеќе место и на Балканот. Пред многу десетлетија бевме сведоци како споменици, гробови на бугарски офицери и војници надвор од Бугарија беа урнувани у срамнувани со земјата. Денес времињата се други. Активностите за зближување и взаемните активности меѓу нашите држави се повеќе се зголемуваат од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал дека одиме по правилна насока, Румен Радев, претседател на Бугарија

Поглаварот на МП г.г Стефан во сослужение на владиците Наум и Климент одржа Света упокоена литургија за загинатите војници закопани на овие гробишта, кои се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.

Дојдовме од различни страни, но за ист повод за да се помолиме за душите на овде погребаните и за да искажеме почит пред нивните жртви. А кога е во прашање мирот и слободата секогаш вистинскиот мир и вистинската слобода најпрвин ги разбирам преку мирот и слободата донесени и дарувани преку Христа Спасителот. Само мирот одозгора и слободата родена од вистината, која единствено вистински ослободува треба да се стремеж за секој слободољубив човек и секој народ, рече во обраќањето поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Радев во Ново село беше пречекан од претседателот Иванов, кој сепак одлучи да не присуствува на одбележувањето. Тоа наиде на реакција на бугарските гости. Европратеникот Андреј Ковачев рече дека не ја крие тагата што Иванов не дошол на заедничкото чевствување на историјата.

-Многу е тажно што тој не собра сили да дојде денес тука. Истата тага е и за претставниците на Бугарската православна црква, кои не се тука заедно со нас. Нема како да го скриеме тоа, рече Андреј Ковачев, европратеник

Официјалната средба меѓу Иванов и Радев се одржа во Дојран. На средбата било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог и за интегративните процеси Македонија..

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

Ристовски: Ќе поднесеме резолуција за црвените линии на македонскиот национален интерес

„На 8 мај секој пред да го заокружи бројот на гласачкото ливче длабоко да размисли кому ќе ја даде довербата во периодот пред нас. “

Ние како коалиција „Храбро за Македонија“ како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија, која е составен дел од таа коалиција, заедно со ГРОМ и со ПЦЕР најавуваме дека веднаш во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес. Во тие црвени линии ќе бараме владеачките партии и сите останати партии во македонскиот парламент вкчучително и партиите на албанската етничка заедница и на останатите малцински етнички групи да го потврдат македонскиот идентитет, да ја потврдат македонската државност, да ја потврдат државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија“, рече од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕРГА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Со таа семакедонска резолуција во парламентот, Брисел ќе мора да сфати и да прифати дека тој македонски пркос, таа македонска ревност за македонското во Македонија ќе мора да биде основата на која ќе се водат идните преговори со Брисел. Дали тоа ќе го прифати Бугарија или не, тоа не зависи од нас. Ќе бараме македонско национално единство по тоа прашање, ќе бараме согласност од сите политички партии кои се прегрупираат за коалиција на власт, ако тие ја сакаат и ја почитуваат татковината Македонија, ако се лојални граѓани на Македонија, тогаш ќе мора да застанат рамо до рамо со македонскиот народ во неговите барања за сочувување на македонскиот национален идентитет во преговиорите со Брисел“, рече Ристовски.

„Нека не ве лажат сите дека доколку не прифатиме промена на уставот ќе запрат преговорите со Брисел. Не. Ние и сме потребни на Европската Унија и Брисел исто толку колку што тие ни се потреби нам. Ако Европа ја донесеме дома, ако го качиме стандардот на населението и квалитетот на животот со сите оние генерални цели и приоритети што ги нуди ИНТЕГРА како дел од Коалицијата Храбро за Македонија, ако сите ги прифатиме мерките и инструментите на владините политики и стратегиите и владините политики кои ги нудиме ние со програмската платформа на овие избори, тогаш Македонија за брзо ќе отвори нов економски инвестициски циклус, ќе го крене стандардот на населението, ќе го крене квалитетот на животот, новосоздадената вредност на ниво на годишен бруто домашен производ ќе биде мултиплицирана во периодот пред нас“, порача Ристовски.

„На 8 мај сакам да размислите длабоко пред да го дадете гласот за било кого. Давајќи го гласот за ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија, во Коалицијата Храбро за Македонија, вие гласате за квалитет на живот кој ќе значи богат и просперитетен граѓанин, богата и просперитетна Македонија. Заокружувајќи го бројот 3, вие ние давате нас политичка моќ во парламентот да бидеме бедем и бастион на македонскит национален интерес, да се бориме за татковината Македонија исто така како што се бориме во изминативе пет години на политичката сцена во Македонија. Се што сме кажале „да“ останало „да“ до денес, се што сме кажале „не“ останало „не“ до денес, оттука нашиот збор тежи како планина. И во парламентот ќе се бориме жестоко и ревносно за македонскиот национален интерес без да загрозиме ничиј друг интерес на ниту една душа човечка, независно дали од албанската етничка заедница, или од ромската или од останатите малцински етнички групи. Затоа ве повикувам на 8 мај, гласајте за бројот 3, заокружете број 3 и дадате глас за богата и просперитетна Македонија, настапете храбро за Македонија, уште похрабро на овие избори на 8 мај за да докажеме дека македонскиот народ умее да размислува со своја глава и умее во парламентот да изгласа вистинска опција која што ќе се бори за нивните интереси“, кажа Ристовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер