Рачната бомба фрлена во центарот на Прилеп била активирана, но се изгаснала пред да експлодира

Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење,  која била активирана, но се изгаснала.

Рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара" и била активирана, но се изгаснала и не експлодираше, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство каде се води истражната постапка за случајот кој ги вознемири прилепчани.

Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење, која била активирана, но се изгаснала. Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.

Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин" во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер