Работници на „Еурокомпозит" протестираа пред општина Прилеп

 Исплата на придонесите и отпремнините побараа 154.та работници кои се прогласени за технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит" на денешниот протест пред прилепската локална самоуправа.

Според Пецо Велјаноски од Иницијативниот одбор на прогласените за технолошки вишок, „големо е разочарувањето и чувството на измаменост кај работниците особено што во понеделникот при четиричасовниот протест пред Владата никој не дошол ниту да ги види, ниту да ги прими". Бараат Владата, како сопственик на „Еурокомпозит", да им ги исплати придонесите од милион евра и отпремнините.

– Ова е крајно недостоинствено. Во понеделникот четири часа бевме пред Владата, а никој ниту не праша, ниту не прими. Според нас или не можат или не сакаат да го решат проблемот. Се собравме пред локалната самоуправа да бараме прием, градоначалникот не бил тука, но и да го слушне, барем некој нашиот глас. Бидејќи државата е сопственикот на „Еурокомпозит", бараме да ни се исплатат заостанатите придонеси од 6,5 години кои се во износ од околу милион евра, како и исплата на отпремнините, вели Велјановски.

Сто триесет од нас, дополни, добија по 25 000 денари, ниту половината, а 24 работници ниту денар не добија, а во февруари треба да ни се доисплатат во целост. Но раководството крева раменици, а никој не знае, ниту кажува кога ќе ни се исплатат во просек по 1.500 евра на сите прогласени технолошки вишок. Не отстапуваме од нашите барања. Сега сакавме само, барем, да се сретнеме со „таткото на градот", градоначалникот Јованоски, но не бил тука, посочува Велјаноски.

Од прилeпската локална самоуправа работниците по денешниот протест добија ветување за средба со градоначалникот Илија Јованоски во петок и, како што велат и за можна средба со прилепските пратеници и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески./МИА.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер